Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Штип еден од ретките градови каде граѓаните дишат почист воздух

Загадениот воздух не го одминува ниту ветровиот Штип. Изминативе три дена зголемена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Загадениот воздух не го одминува ниту ветровиот Штип. Изминативе три дена зголемена кокнцентрација на ПМ честичките регистрира универзитетската лабараторија Амбикон.Наместо дозволените 50, измерени се од 70 до 100 микрограми на метар кубен. Причина за тоа се временските услови, односно серијата денови без ветер, која не е карактеристична за градот. Сепак според експертите, Штип е еден од ретките градови, каде  според бројот на денови, граѓаните се уште дишат чист воздух.

   „Ако ја погледнеме целата година бидејќи сме на крајот од оваа година, просечните концентрации и бројот на денови коишто надминуваат, мислам дека денес се 28, а бидејќи имаме уште неколку денови , не верувам дека ќе надминеме или се надевам дека нема да ги надминеме дозволените 35дена. Така да, ако во Штип треба да го отцениме квалитетот на воздух, генеерално има квалитет во пропишаните граници„ изјави проф.Дејан Мираковски.

Анализите направени во универзитетската лабараторија укажуваат дека просечните годишни концентрации од 2019 до денеска иако многу бавно, сепак се намалуваат. Мираковски препорачува, полека да се менува стилот на живеење, но и начинот на греење

Реклама

  „За жал многу споро се менуваат работите, сепак во Македонија се намалуват просечните годишни концентрации. Од 2012 имаме таква тенденција. Тоа е од повеќе причини и од притисокот врз индустријата, но и од замената на начините на греење на домаќинствата. Тој процес доколку сакаме побрзо ефекти, мора да биде многу поинтензивен и да се овозможи замена и на системите за греење во јавните објекти, но и на домаќинствата„ изјави Мираковски.

Неколку години наназад Скопје е во топ десетте најзагадени градови во светот.  Но воздух со висока концентрација на ПМ честички дишат и струмичани и кичевчани, кадешто поради надминатите прагови на аерозагадување, Министерството за животна средина  воведе мерки и препораки. 

Александра Ристевска