Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Зошто здравствените власти се незаинтересирани за немањето кадар на охридска педијатрија?

Министерството за здравство нема решение за проблемот со детското одделение во охридската општа болница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство нема решение за проблемот со детското одделение во охридската општа болница кое поради недостаток на кадар е затворено од ноември 2021 година. Заменик министерката за здравство Марија Манолева,не знае што се случува во нејзиниот ресор.Неодамнешната посета на Охрид не ја искористи за посета на охридската болница, па така не знае ништо конкретно ,посебно кога станува збор за детското одделение каде повеќе од две години се вршат само амбулантски прегледи.

“Точно не сум запознаена, можам да прашам и да ви одговорам дополнително на ова прашање, меѓутоа она што е тенденција во министерството за здравство е се она што се барања на јавните здравствени установи ширум државата,а некои од другите центри може да ги покријат, тука министерството за здравство секогаш излегува во пресрет”– вели Марија Манолева,заменик министер за здравство

Со години единствено се менуваат министрите за здравство и нивните заменици, со исто ветување дека ќе ротирале доктори од други болници се додека не се реши проблемот со недостатокот на кадар.Но единствено ротира, министерската фотеља.Родителите повеќе од гневни, дополнително ги разлути соопштението дека одделот за детски болести ќе работи преку недела од 8 до 20 часот, а недела и за празници од 8 до 14 часот.

Реклама

Во охридската болница хоспитализации нема,за викенди и останатото време болните дечиња повторно се упатуваат во струшката општа болница.

“Пошто во периодов работи како некоја бутка или бутик од 8 часот до 20 ч секој работен ден од пенеделик до петок, сабота и недела само се обавуваат терапиите на дечињата кои што треба да ја примаат, а другото е навистина како да одите на пазар,се работи од- до од понеделник до петок, мислам дека тоа треба дефинитивно да се промени и реши”-вели Влатко Стојкоски,родител

Инаку во моментов на охридското детско одделние има две специјализантки и еден доктор во седмата деценија од животот.Од иницијативата “Спас за детското одделение” имале средба со раководството на болницата од каде уште пред два месеци им било ветено дека во периодот кој следи ќе ротирале тројца доктори од струшката општа болница. Бидејќи до сега тоа не се случи,родителите се организираат за протести.

Росица Голабоска