Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Брза екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо може да има само ако тој самиот побара

Турција брзо ќе го врати Палчо во Македонија само ако домашните правосудни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Турција брзо ќе го врати Палчо во Македонија само ако домашните правосудни органи на колегите им испратат цврсти докази дека тој убил две лица, во спротивно, Палевски можеби и никогаш нема да го стигне правдата кај нас. Освен исказите на осомничената банда која го посочува како убиец, Турците очекуваат и материјални докази односно резултатите од обдукцијата и причината за смрт. Македонската полиција се пофали дека има и два пиштола кои треба да се вештачат, па Турција ќе ги очекува и тие резултати.

Адвокатот Димитар Савовски кој има досегашно искуство со екстрадиции, вели дека изјавите на министрите за правда и внатрешни во однос на брзината на есктрадиција се премногу оптимистички. Според него, брза екстрадиција може да има само доколку Палчо сам побара.

Од искуството на адвокатот Савовски, екстрадициите одат за 2 до 3 месеци доколку постои правосилна пресуда за лицето кое се бара, но во истрага може да потрае подолго поради обезбедувањето на докази. Доколку Палчо го користи правото на жалби, според Савовски тоа ќе придонесе за одолговлекување на постапката.

Реклама

На слоевита постапка за екстрадиција посочи и професорот Гордан Калајџиев кој не ја исклучи можноста постапката да заглави поради несмасните изјави на министерот Оливер Спасовски кој Палчо го нарече „Монструм“.

Доколку случајот добие политичка конотација, ектсрадицијата може да отиде во друга насока. Последната заглавена есктрадиција која јавноста ја памети е осомничениот Алил Демири за грозоморното петкратно убиство кај Смилковско езеро.

Министерството за правда од 2018-та уште нема одговор од Косово дали на Демири му е одреден екстрадициски притвор. Тој е двапати правосилно осуден за грозоморното убиство кај Смилковци што се случи на 12 април 2012-та, а се бараше со меѓународна потерница за „тероризам“.