Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Што ќе каже стопанот Ахмети, слугата Ковачевски прифаќа

Димитар Ковачевски и СДС се малцински партнери во владата на ДУИ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Димитар Ковачевски и СДС се малцински партнери во владата на ДУИ и Али Ахмети, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски со поддршката за Талат Џафери да биде премиер го потврди она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатите години, а тоа е дека тој е спремен да прифати се што им нуди ДУИ и Ахмети, само за да продолжат матните бизнис зделки и криминал. Талат Џафери е недостоен за функцијата технички премиер на владата. Од него не може да се очекува спроведување на фер и демократски избори, бидејќи од функција на претседател на Собранието, ги прекршуваше Деловникот и процедурите, заклучуваше врата од пленарна седница за да не се пријават други пратеници за збор и со тоа ја прекрши демократијата.

Џафери не може да биде премиер бидејќи во 2001 година дезертирал од Армијата на Македонија. Џафери не може да биде премиер бидејќи го блокираше законот за македонските бранители. Талат Џафери е недостоен за функцијата бидејќи цела македонска јавност слушна како им се обраќа на собраниските службеници, со пцовки, навреди и закани.

Реклама

Во некоја нормална земја, до сега Џафери ќе беше испратен во политичка пензија, а не да биде назначен за технички премиер на Македонија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓудругото се вели и дека Ковачевски е само обична марионета и слуга во владата, а Ахмети е стопан, се што тој кажува, Ковачевски само прифаќа.