Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

ОМД повикува на акција за заштита на правата на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија

На Меѓународниот ден за човекови права Обединетата македонска дијаспора  ги повика малцинствата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Меѓународниот ден за човекови права Обединетата македонска дијаспора  ги повика малцинствата да се соочат со оние кои ги прекршуваат и повика Владите на Грција, Бугарија и Албанија да ги преиспитаат своите политики и да ги усогласат со меѓународните стандарди за човекови права.

„Предолго, овие заедници трпеа дискриминација и маргинализација и мора да се преземат итни активности за да се отстранат овие неправди. И покрај напредокот постигнат во глобалната заштита на човековите права, маките на македонските малцинства во одредени региони бараат итно внимание. ОМД ги осудува историските и тековните прекршувања со кои се соочуваат овие заедници и ги повикува владите на Грција, Бугарија и Албанија да ги преиспитаат своите политики и практики за усогласување со меѓународните стандарди за човекови права“, велат од ОМД.

Според Белио овие влади под итно треба да ја исклучатдискриминацијата врз макеоднското население во собразованието, вработувањето и јавните услуги.  на ОМД ги повикува владите на Грција, Бугарија и Албанија да ги разгледаат и спроведат следните мерки:

Реклама

„Признајте и почитувајте го уникатниот културен идентитет на македонските и сите останати заедници заедници, обезбедувајќи зачувување и промоција на нивниот јазик, традиции и наследство. Треба да има олеснување на активното учество на Македонците и останатите малцински претставници во политичките процеси, обезбедувајќи правична застапеност на сите нивоа на власта.

Исто така, владите да воспостават и спроведат транспарентна правна рамка која ги штити правата на малцинствата и гарантира брза правда за какви било прекршувања“, велат од ОМД.

ОМД ја повикува меѓународната заедница да застане во солидарност со македонските и останатите малцинства во Грција, Бугарија и Албанија и да работи колективно за да се стави крај на овие прекршувања.