Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Дали и кога Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија е неизвесно

Министерот за правда Кренар Лога се надева на брза екстрадиција, но рано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Кренар Лога се надева на брза екстрадиција, но рано е да прецизира кога Љупчо Палевски Палчо би стапнал на македонска територија. На располагање му стојат правните лекови кои ги има Република Турција, а надлежните не знаат на што ќе се жали Палчо.

  • „Многу е рано да се зборува за што било како што кажавме и пред два дена. Релативно брзо ние очекуваме да биде испратен во Македонија, но треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме. Испратени се документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. Така што, верувам од понеделник натаму сите овие наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција“, рече Лога.

Два до три месеци е рокот кој го дава експертската фела  за враќањето на првоосомничениот Палевски од Турција во Македонија. Важна улога ќе игра и тоа дали судовите во Турција ќе му прифатат евентуални жалби на Палчо за притворот, но и за екстрадицијата. Професорот Гордан Калајџиев потенцираше дека Турција има слоевита постапка за екстрадиција која нема да биде толку брза колку што се надева јавноста.

  • На почеток мора да ги достави сите документи што се бараат од најважните за наредбата за истрага и соодветни докази, не мора сега тоа да биде којзнае како, таму нема да се докажува, да се процени само сериозноста за кој тип на дела се работи со оглед на тоа дека нема изречување за политички дела и слично, да се прикаже дека е практично обично свирепо кривично дело. Постапката, за жал, наспроти очекување на нашата јавност, најверојатно ќе потрае повеќе“, смета професорот( 07.12.2023).

Палевски има право да бара политички азил поради лидерската позиција во неговата партија. Доколку не се создадат услови за такво нешто, согласно турските прописи, откако ќе се обезбеди папирологијата на потег е Министерсвото за правда во Турција. Покрај министерот, потпис треба да стават и членовите на министерскиот совет.