Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од медиумите дознавме за лидерската средба во понеделник

Ковачевски закажува лидерска средба за во понеделник, ВМРО-ДПМНЕ за тоа дознава од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ковачевски закажува лидерска средба за во понеделник, ВМРО-ДПМНЕ за тоа дознава од медиумите. Опозициската партија брифира дека датумот 4-ти декември е прифатлив за да седнат партиските лидери на иста маса во македонското собрание и да го договорат датумот за избори, прифаќање на забелешките од ОБСЕ/ОДИХР. Од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат како точка на дневниот ред да се вметне и укинувањето на техничката влада. Од партијата на Мицкоски велат дека е неумесна одлуката на премиерот за вакви важни прашања да комуницира преку медиумите.

  • „Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ. Воедно, бидејќи се одлучи за комубикација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник, затоа што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор“, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Ковачевски лидерската средба за во понеделник ја најави на пресот со потпретседателот на ЕК, Жосеп Борел.

  • Ќе се разговара за евроатланските интеграции на земјата, за одржување на редовни претседателски и парламентарни избори и за измените на Изборниот законик“ – изјави Ковачевски.

Поканите денеска треба да стигнат до парламентарните партии. Согласно роковите кои ги посочи собранискиот спикер талат Џафери, Ковачевски ќе остане на чело на Владата до 29-ти јануари, кога треба да го замени технички премиер од дуи , со оглед на тоа дека власта не сака да го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се укине Пржинската влада.

Реклама

Сега веќе извесно е дека парламентарните избори ќе се оддржат на 8 мај, заедно со вторниот круг на претседателските.

Доколку на лидерската се потврди датумот, Џафери треба да ги распише изборите најрано на 8 февруари или најдоцна на 28 февруари, а собранието да се распушти на 9 март. Точните рокови за спроведување на изборните дејствија, ги утврдува Државната изборна комисија, но јасно е дека ќе има поклопување на  кампањите за избор на претседател и избор на пратеници. Ако првиот круг на претседателските избори биде на 24 април, тогаш кампањата најверојатно ќе почне на 4 април. Кампањата за парламентарните избори пак, ќе почне на 18 април, но ќе мора да паузира за време на изборниот молк пред првиот круг на претседателските избори.