Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Блинкен ќе присуствува на неформалната вечера на министерскиот совет на ОБСЕ , за Лавров не е потврдено

Рамиз Мерко ќе  се оддели на два дена, од дел од богатиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рамиз Мерко ќе  се оддели на два дена, од дел од богатиот возен парк кој го поседува.  Тој бил единствениот градоначалник кој се пријавил да донира возила за потребите на самитот на ОБСЕ .

Паркингот пред Спортскиот центар Борис Трајковски веќе добива луксузна димензија.  Неколку автомобили и комбиња исклучиво во црна боја во кои ќе се превезуваат делегациите  се веќе пред   салата која сеуште не е целосно подготвена за министерскиот самит.    Иако првиот дипломат најавуваше дека ќе бара спонзорства за да се изјамат возилата за кои се бараат посебни спецификацуии,  Македонија сепак ќе ги плаќа сама, а Османи уверува дека нема да потрошиме цел милион евра, туку најверојатно половина од сумата на тендерот 

-Според проценката од моите служби, можеби ќе се потрошат половина од предвидените средства, но тоа ќе биде флуидно и ќе зависи колку МВР ќе има потреба од возила зашто поголемиот дел од возилата се за МВР кое ќе ги користи како придружни возила. Колку МВР ќе каже, толку. Знаете дека имаше одлука на Влада да се побара од градоначалниците. Пуштивме барање тие да ги ослободат сите возила. Досега добивме повратно од само еден градоначалник дека го нуди своето возило, од Струга. Пуштивме писмо и до сите почесни конзули зашто имаше по медиуми понуда од нив, „зошто објавиле тендер кога можеле од нас да ги користат“. Кога веќе јавно се понудија, им пуштивме писмо, но знаете колку пуштија? двајца – рече Османи

Реклама

Дали рускиот воздухоплов ќе слета за самитот на ОБСЕ во Македонија, Владата ги даде надлежностите на МНР.  Османи ако се прашувал како министер,  и тој бил на иста линија со министерката за одбрана која гласаше воздржано на вчерашната седница за пристигнувањето на Лавров во Скопје, ама сега размислувал како претседавач на ОБСЕ .  Инаку,  пристигнувањето на учесниците ќе почне на 28 ноември , а за наредната вечер е предвидена неформална вечера на која е потврдено дека ќе присуствува  американскиот државен секретар Ентони Блинкен , а не се знае за рускиот и украинскиот министер ..

На вчерашната седница, Владата ни даде овластување, на МНР да даде согласност за доаѓањето на Лавров, а Министерството за одбрана да ги даде повикувачките броеви, бидејќи МО ги дава повикувачките броеви за сите владини авиони и потоа ние како МНР даваме дозвола. Значи, за дипломатски авиони дозволите ги дава МНР врз основа на повикувачки број од МО. Затоа Влада не овласти ние да донесеме одлука. Ако ние процениме дека треба да дојде, ќе бараме од МО повикувачки број. Мора тоа побрзо да се одлучи бидејќи нема време, треба да се издаваат визи, а нашата амбасада во Москва ги прима апликациите“, рече Османи.

Се уште не е одлучено кој ќе претседава со ОБСЕ идната година откако Естонија која ја имала и поддршката од Македонија испадна од игра . Османи откри дека денот „Д“ за идното претседавање е во понеделник, а предлогот на Македонија е Малта. Доколку нема консензус , Македонија повторно ќе мора да преземе одговорност.  

Кристина Алексиеска