Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Самодовербата на Мицкоски во убедлива победа е причина плус да се откаже од техничка влада

Техничките влади во последните два изборни циклуси постоеја за обезбедување на повисоки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничките влади во последните два изборни циклуси постоеја за обезбедување на повисоки изборни гаранции кои ги бараше тогашната СДСМ која беше во опозиција, но не покажаа никаков квалитет, коментираат дел од експерите откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ побара укинување на техничка влада.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во изјавата на Мицкоски гледа сигурна победа на претстојните избори, па според него, за најголемата опозициска партија е сеедно дали техничка влада ќе постои или ќе ја нема.

Опозицијата се откажува од два битни ресора во Владата, Министерство за внатрешни работи, труд и социјална политика како и врзан потпис уште во неколку министерства, во интерес да не се кандидира премиер од редовите на ДУИ бидејќи согласно колалицискиот договор  Заев – Ахмети, на ред е во премирската фотелја на техничката влада да седне некој од интегративците. Но досегашното искуство  покажа нефункционелност на техничките влади, коментира Божиновски.

Реклама

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека партијата на Ахмети е во центарот на сите скандали и е неприфатливо да номинираат технички премиер. Премиерот Ковачевски, пак рече дека СДСМ држи до коалициските договори и секој професионалец може да води влада.

Во меѓувреме, високи функционери на ДУИ повторуваат дека во последните 100 дена од мандатот премиер ќе биде Албанец. Артан Груби е уверен дека неговиот шеф нема да згреши во изборот.

Досега, двете најголеми партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по еднаш номинираа технички премиер, Емил Димитриевски и Оливер Спасовски.