Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ нуди укинување на техничката влада – криминалното ДУИ не треба да номинира премиер

Нема веќе потреба од техничка Влада, понижувачки е за Македонија премиер да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе потреба од техничка Влада, понижувачки е за Македонија премиер да биде на предлог на ДУИ, партија со најголем број скандали во државата, смета лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој е подготвен да се откаже и од министерските места кои и следуваат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи веќе се губела поентата од техничка Влада, која носела само проблеми.

За мене е понижувачки како граѓанин, како политичар, партијата која што во последно време е во центар на скандалите, а тоа е ДУИ да номинира премиер. Не гледам каков квалитет може тој премиер да донесе и каква додадена вредност. Во техничката Влада има повеќе опструкции отколку нешто кое што може да додаде вредност во процесот – изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот став на Мицкоски доаѓа на два месеци пред денот кога во премиерското столче на местото на Димитар Ковачевски, треба да седне човек предложен од Али Ахмети, за што согласност има и кај двете главни владејачки партии, откако тоа беше пред три години договорено меѓу лидерот на ДУИ и тогашниот премиер Зоран Заев.

Реклама

Иако опозицијата подолго време предлага да се промени законот за Влада и да се укине пржинскиот модел, токму договорот Заев – Ахмети за технички премиер Албанец е пречка за ова.

Инаку, според договореното меѓу СДСМ и ДУИ, доколку изборите се одржат на осми мај, тогаш техничкиот премиер кој ќе дојде на предлог на ДУИ на Илинденска треба да седне на 29 јануари.