Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Протест на здравствените работници – се бараат поголеми плати и подобри услови

Во пандемијата беа херои, а сега жалат дека се оставени на цедило.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пандемијата беа херои, а сега жалат дека се оставени на цедило. Кулминира револтот на здравствените работници кои бараат достоинствени услови за работа, а власта ги игнорира. По трет пат за еден емсец излегоа на протест со барање за  зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, зголемување на инфективниот додаток од 1 на 4% и трансформација на определено работно време со неопределено. Револтот е голем, а пруитисокот велат нема да попуштат.

“Итно да се направи трансформација на сите времени вработувања кои ги има во сите здравствени институции на Здравствен дом Скопје и Клинички центар,  низ цела територија, со цел да ги задржиме тие млади луѓе, бидејќи работат за плата , може да се нарече социјална помош од 20.000 денари”, изјави Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ.

Колку е обезвреднет трудот на здравствениот работник покажуваат бројките. Платите и придонесите кои ги примаат добар дел од нив се мизерни:

Реклама

“Работиме без здравствено осигурување , фактички со 20.000 денари плата ако не платиме здравствено осигурување ние немаме. 1800 денари е здравствено значи ние зимаме 18.200 основна плата. немаме право на одмор, немаме право на боледување, немаме никакво право, изјави медицинската сестра Билјана Џонова.

Доколку, власта не најде решение за барањата на здравствените работници, тие најавија радикализација на протестите, со што ќе протестираат и пред Влада.

Министерот Меџити минатата недела им одговори дека за трето покачување годинава немало пари.