Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Уставните измени што власта ги вети на Бугарија, удрија во ѕид, ни пратениците на СДСМ не гласаа „ЗА“

Расправата заврши уште пред да почне. Власта не обезбеди 80 пратеници, па…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расправата заврши уште пред да почне. Власта не обезбеди 80 пратеници, па седницата за гласање на потребата од отворање на Уставот виси во воздух, бидејќи спикерот Џафери не дозволи гласање. Уставните амандмани пред нов филтер кој по оваа седница е уште поверојатно дека нема да го поминат. Претседателот на Владата пак ги убедуваше  пратениците дека само уште Бугарите да се впишат во Уставот и ново вето нема да има. Не смее да се прави именик од Преамбулата на највисокиот правен акт, му порачаа од ВМРО ДПМНЕ.

  • „Не може именик да правиме од Преамбулата! Важна е суштината. Ама најважни се Копенхагеншките критериуми да ги примениме. Не смее патот за Брисел да води преку Софија. Камбаните овој пат бијат за Македонија и крајно време е да покажеме дека сме пристојна европска држава која сака на патот кон ЕУ да оди исто како сите сегашни членки “, укажа Силјановска Давкова.

За ппотреба од промена на Уставот гласаа само 70 од власта, недостигаат 10 иако Ковачевски, Османи и груби постојано тврдеа дека имаат и повеќе од доволно пратеници. Ковачевски пак убедуваше дека и опозицијата била вклучена во целиот процес, а и дека народот го подржува внесувањето на Бугарите во Уставот… Иако целата јавност е свесна за спротивното.

  • „Затоа денеска, кога ќе ги погледнете улиците во Скопје, гледате дека сѐ е мирно и дека граѓаните очекуваат подобра иднина. Не само сега, туку во континуитет, државата се гради како демократија којашто практикува сѐ она коешто е наведено во нашето општество преку уставните и законските акти“ – истакна премиерот.

Албанскиот блок ги поддржа измените за внес на Бугарите во Преамбулата, ама не се откажуваат од условот  терминот „20 отсто“ во Уставот да се замени со терминот „албански јазик“. 

Реклама

Реџипи пак кој ја напушти Алтернатива, и сега е независен пратеник, им даде идеја на општините со мнозинско население од албанската заедница да се одвојат од македонските, заради европскиот пат. Сепак, сета опозиција во едно е со ист став: „предвремени избори, оти оваа корумпирана власт не може да зборува за европска иднина“.

  • „Власта е развластена, не само поради тоа што не пројдоа уставните измени, туку и поради тоа што ја упропастија државата. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре државата. Оваа власт е проблемот, а решението за тоа се избори. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има бидејќи власта е делегитимирана“,рече Мицевски.

Со оглед на тоа дека дебата за потребата од отворење на Уставот е исцрпена, сега преостанува само гласањето кое Џафери го одложи без конкретен датум.