Во само десетина дена, уште една сообраќајка, четврта по ред на стариот пат Охрид-Струга, каде што е пренасочен сообраќајот поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид.Сообраќајот беше блокиран,а граѓаните нервози,излегуваа од непрегледната колона на автомобили на која не и се гледаше крајот. Затворањето на главната сообраќајна артерија- делницата од Подмоље до Охрид и пренасочување на сообраќајот на стариот пат предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец. Откако Владата и ресорните министерства, не одговорија на барањата на локалната власт градежните зафати кај Подмоље да ги одложат за септември, туристичките работници инсистираат да се овозможи влез во градот по една коловозна лента.
” Нема да е автопат знаеме ние се молиме многу одамна да биде готов од аеродром до влезот на Охрид и до влезот на Струга.Значи мораме да ја ослободиме оваа делница и да имаме непречен сообраќај во однос на влезот на Охрид”-вели претседателот на Хотам,Крсте Блажески.
Дали некој во оваа држава е свесен за безбедносните ризици кои демнат на патот по кој сега се движат дневно најмалку по 30 автобуси,возила, велиспедисти,болни луѓе кои ќе се транспортираат до болницата Свети Еразмо или онаа во Струга? Автопатот Охрид-Кичево кој се гради безмалку една деценија, требаше да биде готова во 2018-та,клучката кај охридскиот аеродром е раскопна цели три години, реагираат туристичките работници.

“Проблемот е горлив не е од денеска, патот од Скопје до Охрид и од аеродром до Охрид последниве 10 години е проблематичен, сега дополнително се проблематизира така да реакциите се оправдани, суетите на политичарите малку да стивнат и да го гледаат интересот на граѓаните “-вели Олег Маленко
“Голем проблем и најголем проблем всушност ви се летовите,не знам зошто постои охридски аеродром само се пуштаат некои чартер летови чат пат преку лето.И транспортот од Скопје до Охрид патот, брате патот не е направен ! Како со хеликоптер ли да ги донесеме ?”-реагираат туристичките водичи.
При последната посета,министерот за транспорт и врски Бочварски уверуваше дека делницата Подмоље-Охрид, ќе била готова до 10-ти јули, ама ако се набавеле на време еластичните огради. Иако туристичката сезона не е почната во полн ек, приодот кон Охрид неретко е целосно блокиран.Долги колони возила, автобуси,камиони прават хаос во туристичкиот центар.
Росица Голабоска
