Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Божиновски: Соработката на Касами и Гаши очекувана, дали ќе се исплати не зависи само од нив

Нова партија шах на политичката сцена, соработката на Беса и Алтернатива го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова партија шах на политичката сцена, соработката на Беса и Алтернатива го бранува политичкиот опус. Дали и како оваа декларација за здружување против партиите на власта која ја потпишаа Касами и Гаши ќе влијае на Владата на Ковачевски и Ахмети, како истата ќе се одрази на изборите идната година?

Дел од аналитичарите согласни, смирувањето на довчерашните ривали е закана за Владата, но се зависи како ќе одиграат албанските политички партии, оти барем во македонскиот блок работата е јасна победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, но за албанскиот работите уште се нејасни.

Универзитетскиот професор Божиновски за Алфа вели дека вакво здружување се очекувало.

Реклама

Кај етничкиот албански блок јасно беше дека по испразнетиот простор кој го остави Алијанса кога влезе во Владата, дека партиите кои не се дел од таа групација ќе создадат одредена би рекол структура со која ќе им се спротивстават на владејачките партии, вели Владимир Божиновски – аналитичар.

Божиновски вели за сето ова на Беса и Алтернтива да се исплати, клучна улога можеби ќе има фракцијата на ДУИ, но и математиките на партијата на Таравари по изборите.

Сепак тука имаме две непознаници од кои ќе зависи колку ќе биде тоа сериозно, затоа што доколку остане вака Беса и Алтернатива немаат доволно сила да му се спротивстават на ДУИ, зошто ДУИ има сериозен рејтинг и е многу долго на власт. Во тие две непознаници ќе зависи дали овој нов опоизциски блок ќе може успешно да и се спротивстави на ДУИ или не. Прво е што ќе се случи со т.н. Огнена група и дали таа Огнена група ќе успее да се факторизира, доколку биде избркана или доколку ја напушти ДУИ, втората работа е како ќе се постави Алијанса во целиов овој случај, односно дали ќе застане цврство кон својот нов коалиционен партнер ДУИ или ќе остави простор за евентуална коалиција после изборите и во зависност од резултатите со оваа новоформирана би рекол на Беса и Алтернатива, вели Владимир Божиновски – аналитичар.

Инаку соработката на Беса и Алтернатива, како што велат и аналитичарите не беше изненадување, особено ако се се земе предвид фактот дека партиите неколку пати на своите состаноци со претседателствата дискутираа за смирување на страстите се со цел, бар како што велат за заштита на државата од корупцијата на партиите на власт. Токму во таа линија беа и шпекулациите дека Беса и Алтернатива, заедно со уште неколку невладини организации планираат да формираат нов политичи блок, контра оној на Ахмети, Фронт за ЕУ, овој би се викал Обединети за ЕУ, дали доколку се формира фронтот во него ќе учествуваат и фракциионерите засега не се знае.

Владата на Ковачевки и Ахмети пред нова политичка закана, се окрупнува опозицискиот блок против политиките на СДСМ и ДУИ. Довчерашните ривали денеска официјално станаа соработници, БЕСА и Алтернатива потпишаа декларација за соработка и координирање на политичките активности во насока на градење опозициски камп.

Со оваа декларација, како што наведуваат од партиите на Касами и Гаши, се изразува подготвеноста на двете партии за заедничка борба за како што велат штитење на стратегиски интереси на земјата и против корупцијата на партиите на власт.

Телоп

„Наоѓајќи се во важна пресвртница, кога процесот на интеграција е во застој, кога политичката корупција стана единствениот успех на оваа Влада, а правата на етничките Албанци повторно се ставаат во неповолна позиција, историскиот момент наметнува сите албански политички сили, но не само политички, да соработуваат за делегитимирање на оваа корумпирана, неспособна и штетна власт за интересите на државата и на Албанците“,се наведува во соопштението.

Од Беса посочуваат дека со потпишувањето на заедничката изјава од страна на Касами и Гаши формално се официјализира договорот за соработка меѓу двете партии, при што се остава простор за приклучување и на други фактори кон овој блок.

Дека соработката на албанската опозиција се засилува и се формура еден блок против ДУИ и нивното владеење, е и последната неофицијална информација дека Беса, Алтернатива и неколку невладини организации формираат контра блок од оној на Ахмети, Фронт за ЕУ. Гласините се дека блокот ќе се вика „Обединети за ЕУ“. Незадоволните од ДУИ  засега не се дел од овие проекции, но не се исклучува можноста за нивно приклучување на иницијативата, докoлку добиват „црвен картон“ од Мала Речица.

Дека на власта, особено на Ахмети не му оди од рака во последно време е и самиот факт дека во партијата се случува огромен раскол, за кој дел од аналитичарите велат дека ќе биде скапо платен на изборите идната година.