Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Невреме во гостиварско и велешко – поплавени улици,дворови,куќи

Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати Велес, при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати Велес, при што Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода. Автомобили заглави во вода, отежнат сообраќај, хаос по велешките улици и домови , ваква беше сликата во велешко за која сведочат фотографиите по појониот дожд проследен со грмотевици.

Од  Центарот за справување со кризи информираа дека засега нема пријавено штети од невремето.

Невремето со пороен дожд и град го зафати и Гостивар, кое предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.

Реклама

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПОРОЈНИОТ ДОЖД КОЈ ГО ЗАФАТИ ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ГОСТИВАР, ЕДЕНА УЛИЦА ВО НАСЕЛБАТА БАЊЕШНИЦА Е ПОПЛАВЕНА ДО ВОДА КОЈА СЕ СЛЕАЛА ОД КАНАЛОТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ. ВОДА НАВЛЕГЛА ВО ШЕСТ КУЌИ И ДВОРОВИ ВО С.БЕЛОВИШТЕ, А ЕДЕН ЛОКАЛЕН ПАТ НЕ БИЛ ВО УПОТРЕБА ЗАРАДИ ВИСОКОТО НИВО НА ВОДА КОЈА ТЕЧЕЛА ПО НЕГО. ЖИТЕЛИ ОД ЦИГЛАНА, ОПШТИНА ГОСТИВАР, ПРЕДУПРЕДИЛЕ ДЕКА  ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВУВАЊЕ НА КУЌИ ВО ОВОЈ ДЕЛ НА ГРАДОТ, НО ШТЕТИ НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ. ПОПЛАВУВАЊЕ НА ДВЕ КУЌИ СО ПОДРУМИ И ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ СЕ ПРИЈАВЕНИ НА УШТЕ ДВЕ ЛОКАЦИИ, СООПШТУВААТ ОД ЦУК.

Посочуваат дека за санирање на штетите и испумпување на водата попладнево на терен се и припадници на Противпожарната единица.