Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Милошоски: Договорот со Бехтел и Енка се крие заради корупција

Во политичкиот магазин За или Против, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во политичкиот магазин За или Против, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анотнио Милошоски, тој вели дека според него, скандалозниот договор власта не го покажува на јавноста оти во него познавачите веднаш ќе ги пронајдат клаузулите каде се крие корупција.

Моето мислење е дека криењето на договорот има причина, причината е криењето на високата корупција која е содржана во многу клаузули од овој договор со изведувачот, а потпишан од страна на министерот Бочварски и директорот на државни патишта Ејуп Рустеми. Мислам дека овие двајца луѓе при потпишувањето, според она што можевме од свиркачи да го дознаеме, потпишале нешто што било надвор од нивните законски овластувања. А во интерес на изведувачот и притоа на штета на буџетот на Р.Македонија.

Затоа мислам дека го кријат договорот, бидејќи доколку би го покажале договорот во јавноста, стручната јавност, ДКСК, градежните стручњаци, многу лесно ќе можат да ги увидат клаузулите каде што е сокриена високата корупција. Она што може да се забележи од договорот кој ние го добивме по нефромален пат, е дека најмалку 20 градежни материјали кои што треба да бидат вклучени во изведувањето на дел од Коридорите 8 и 10 немаат утврдена цена.

Реклама

Второ, референтната цена во меѓународните договори за градба најчесто се поврзува со цената на златото, нафтата,сребро, вредноста на американскиот долар и сл. Кои имаат рамномерен тек во глобалните ценовни поместувања, тука во овој договор на Артан Груби и Ковачевски, цената не е по тоа, вели Милошоски.

Пратеникот смета дека злоупотребата на европското знаменце, со кое власта ги турка законите за Бехтел и Енка во Собранието е потенцијална опасност, Македонија да добие блокада за преговорите со Унијата.

Загрижен сум дека во иднина и кога Македонија еден ден реално ќе ги отпочне преговорите за членство со ЕУ нема да биде само Бугарија едиствениот проблем, може врз основа на ваквие непромислени постапки на владата на Груби и Ковачевски, да се јави земја како Австрија, Холандија, Данска и да стават блокада на евроинтегративниот процес токму заради злоупотреба на европското знаменце, вели Милошоски.