Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Научна конференција на УГД „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“

Филолошкиот факултет во Штип, да го носи името на познатиот македонски поет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филолошкиот факултет во Штип, да го носи името на познатиот македонски поет Ацо Шопов. Ваквата иницијатива е веќе покрената, но се разгледаат правните аспекти, бидејќи штипскиот универзитет е интегриран,  објаснува ректорот на универзитет.

“Се дискутира уште на таа тема, треба да се разгледат правните аспекти. Сите факултети се единици од универзитетот . Јас немам никаква забелешка доколку еден ваков истакнат поет биде патрон, односно неговото име да го носи Филолошкиот факултет“ изјави проф.д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

И по 100години од  раѓањето на Шопов, неговиот литературен  опус е се уште актуелен и инспиративен. Заедно со Блаже Коневски го поставуват камен темелникот на современата македонска книжевност. Неговите дела се преведени на англиски, француски, руски, а во поново време  на бугарски и турски јазик.

Реклама

“Мнозина други македонски поети го водеа оној најтежок трнлив пат по кој се трасираше и се изгради македонската современа литература. Тој е преставник на првата генерација поети во современата македонска литература, заедно со Славко Јаневски“ изјави проф.д-р Луси Караниколова Чочоровска-декан на Филолошки факултет-УГД-Штип

Ацо Шопов е роден во Штип. Тој е автор на првата повоена книга на македонски јазик, а антологиската песна “Очи“ која ја посветил на неговата љубена која загинала, ја напишал додека бил во Третата македонска ударна бригада. Во Штип има и спомен соба во која се наоѓаат лични предмети, факсимили, фотографии и целокупното творештво на поетот. 

Александра Ристевска