Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Одбележан јубилејот 45 години од постоењето на брендот „Бекутан“

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ одбележа 45-години на еден од најпрепознатливи брендови, колекцијата производи…

Сподели:

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ одбележа 45-години на еден од најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца „Бекутан“. Домашни педијатри како и претставници од СОС детското село уште еднаш го потврдија квалитетот на „Бекутан“ со кој со децении растат децата како во Македонија, така и во светот.

Првиот човек на компанијата Живко Мукаетов, рече дека е голема честа да се прослави јубилеј, 45 години од постоењето на овој бренд.

  • Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најодговорните работи кои можат да му се случат на еден човек. Тоа е грижа и посветеност за некој кој живее покрај вас, расте и се развива и треба да порасне во здрава личност. Од многу непроспиени ноќи, па преку изборот на храната, па се до изборот на козметиката која едно бебе ќе ја добие. Моите родители го користеа „бекутан“, јас и мојата сестра го користиме „Бекутан“, јас и мојата сопруга го користиме овој производ. Од 1978 година, откако постои кремчето „Бекутан“, досега се произведени повеќе од 60 милиони теглички, што е уште еден доказ за квалитетот и традицијата. Уште еден доказ дека тоа е производ на кој може апсолутно да му се верува, истакна Мукаетов.

Педијатрите велат дека брендот „Бекутан“ асоцира на традиција, на квалитет, на безбедност и сигурност, а пред се на иновативност.

Реклама
  • Грижата за децата е наш заеднички фокус. И тоа грижата која почнува од најраната возраст. Секогаш кога говориме за одредени ситуации кај детето, портфолиото и производите на „Бекутан“, апсолутно ефикасно и безбедно, ни користат во надминување на разните заеднички проблеми. Заедничка цел ние е здраво дете. Здраво дете е среќно дете, рече Поп-Лазарова.

Од СОС Детското село нагласи дека „Бекутан“ е водечки бренд за нега и грижа на малите деца и оти тоа веќе 45 години го прави најдобро.

  • Токму таа грижа за децата не спои заедно со СОС Детското село. „Бекутан“ најдобро и најквалитетно се грижи за нашите најмили. А СОС Детското село веќе 22 години гради семејства за да може секое дете да расте во грижа, љубов и припадност на одредено семејство. Од голема важност за нас е потрошувачите на „Бекутан“ да имаат свесност за оваа наша поврзаност којашто резултира во додадена хуманитарна вредност на брендот „Бекутан“. Со оваа кампања, по повод 45 години, и самите потрошувачи се дел од нашата заедничка мисија – Сите деца се наша грижа, истакна Брајовиќ.

Инаку со „Бекутан“ растеа и растат генерации и генерации деца, и затоа, според менаџментот, треба да бидеме горди на тоа, зашто брендот континуирано расте.

Под брендот „Бекутан“ се подготвуваат над 60 основни типови производи, пакувани во повеќе од 100 типови пакувања. Производите се дерматолошки тестирани и одобрени од педијатрите.

Борис Грујоски