Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Прилеп одбележа 111 години од погибијата на Пере Тошев, „совеста“ на Македонската Револуционерна Организација

Бил еден од основачите, но и раководител на Македонската револуционерна организација, го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бил еден од основачите, но и раководител на Македонската револуционерна организација, го нарекувале „апостол и совест“ на револуционерна Македонија, а бил и директен учесник во македонското револуционерно движење како близок соработник на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров. Денеска се навршуваат точно 111 години од погибијата на македонскиот национален револуционерен херој и просветен деец Пере Тошев, чии коски, веќе 27 години почиваат во дворот од црквата „Свето Благовештение“ во неговиот роден Прилеп.

„Искрено сум горд што во 1996 година од Дреновската клисура, токму овде, во дворот од најстарата црква во градот, во црквата „Св. Благовештение“ се донесени моштите на овој прилепски и македонски великан којшто е едно од најзначајните имиња во македонската историја“, истакна Дејан Проданоски, претседател на Советот на општина Прилеп. 

Инаку, во 1912 година, Пере Тошев, скршен од договорот за сојуз помеѓу Бугарија и Србија, а со кој Македонија била поделена на спорна и беспорна зона, тргнал од Софија за родниот Прилеп. На тој пат, бил убиен од турска заседа на 4-ти мај, во Дреновската клисура, на 47-годишна возраст. Откако бил убиен, Турците го исекле на парчиња и го закопале во каналот покрај патот.

Реклама

По пет дена, роднините го нашле телото на Пере Тошев, но Турците им забраниле да го погребаат во Прилеп. Па под засилен надзор на Турците, Пере Тошев бил погребан во дворот од црквата во селото Фариш се’ до 1996 година кога неговите посмртни останки биле префрлени во дворот од црквата „Св. Благовeштение“ во Прилеп каде се наоѓаат и денес. Пере Тошев денес има споменик и во центартот од градот, а неговото име го носеше и Патриотското здружение, чиј претседател е Јане Ченто, а кој веќе шеста година е во затвор од вкупно досудените 15 години.

Каролина Дурло