Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Странски експерти и претставник од УНЕСКО два дена го чешлаат заштитеното подрајче на охридско-струшкиот регион

Поголема физичка заштита, засилени активности на терен, формирање на едно тело кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема физичка заштита, засилени активности на терен, формирање на едно тело кое ќе управува со светското наследство на регионот, а не формално делување на комисии кои седат во концеларии,така не се заштитува уникатното природно богатство. Имате најдобри планови кои сум ги видел, но само на хартија-отворено порачуваат странските експерти кои два дена го чешлаат затитеното подрајче на охридско-струшкиот регион. Меѓу нив има и претставник на Унеско,проблем број еден велат, се дивоградбите.

 “ Тоа што се случува овде навистина не би смеело да се случува, на подрачје кое има толкава глобална вредност не само за Македонија.Знаеме дека ситуацијата е уште потешка во Струга.Струга е дел од Охрид и не е различно подрачје, ние ќе се обидеме таму да им објасниме дека може да има и развој и туризам но со зачувувење на природното и културно наследство.А оние кои гледаат само некој напредок во смисла на масовен туризам или масовно градење  ќе мора да се дојде до некој компромис бидејќи ова вака понатаму не ќе може”-вели Андреј Совинц,експерт на мисијата Бернската конвенција.

Бернската Конвенција на Советот на Европа на крајот на 2021 година отвори случај против земјава за заканите врз Охридско Езеро и Галичица, по жалба поднесена од  граѓанска организација „Фронт 21/42“. Во врска со ова,македонската влада беше обврзана да достави извештаи до Бернската конвенција но ги проби роковите, повеќе од една година.Општина Охрид превзема се’  што може да го зачува Охрид на листата на Унеско.

Реклама

“И тие се свесни дека нешто што 30 години или можеби повеќе не било врз основа на некои добри принципи се нарушиле пред се во урбанизацијата не може преку ноќ да се поправи “-вели градоналникот Пецаков.

Експерите зборуваа за заштита на студенчишко блато, отстеанување на сите нелегални објекти таму, кажаа стоп на изградба на марина  кај  каналот Студеншчишта.По завршување на посетата ќе изготват заклучоци кои ќе бидат доставени до локалните и централни власти, а ќе мора да бидат импелементирани до декември кога уште еднаш ќе ја посетата нашата земја.

Новинар Росица Голабоска