Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Корона криза : 30 до 40 милиони американски може да останат без својот дом

30 до 40 милиони Американци може да останат без својот дом поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

30 до 40 милиони Американци може да останат без својот дом поради економската криза предизвикана од корона вирусот. Додека во Конгресот се уште се преговара за нов пакет помош, експертите предупредуваат дека ситуацијата допрва може да почне да се влошува.

Криси Ајланд во моментов живее во мотелска соба заедно со нејзините три деца. Оваа млада мајка мораше да се иссели од својот дом во Канзас Сити.

Реклама

Беше брзо, се случи навистина брзо – смета Криси Ајланд .

Нејзиниот живот за многу кратко време целосно излегол од контрола.

Работев во мала компанија за подови која пропадна поради Ковид. Веднаш морав да најдам нова работа, но сега на час добивам 4.5 долари помала плата. Не можев да платам кирија, па сега морам да го напуштам домот – вели Криси Ајланд .

Таа е само една од милиони Американци кои останаа без работа или кои загубија дел од приходите и кои сега се соочуваат со опасност да бидат исфрлени од нивните домови.

Уште во август претседателот Доналд Трамп донесе извршна наредба со која треба да се заштитат станарите од принудно иселување, барем додека трае пандемијата.

Потпишувам извршна наредба со која наложувам Одделот за урбан развој, Одделот за здравје и Центарот за контрола на болести да овозможат кираџиите и сопствениците да останат во своите домови – рече Доналд Трамп, претседател на САД (Август 2020).

По ова Центарот за контрола на болести ги запре сите принудни иселувања до 31 декември. Оттаму велат дека целта, меѓу другото, е и да се спречи натамошно ширење на корона вирусот.

Оваа одлука стигна предоцна за Криси Ајланд. Иако остана без дом, таа е оптимист.

Ќе има нагорна промена на крајот, може да се спуштам само волку ниско пред да почнам повторно да се качувам, нели? – прашува Криси Ајланд.

Иако принудните иселувања моментално се замрзнати невладиниот сектор смета дека ова не е доволно.

Луѓето може да бидат заштитени одредено време од принудно иселување, но тие се уште должат кирија за секој месец а газдата може да им наплаќа пенали за доцнење и камата за киријата, со тоа планината на долгови само расте вели Тара Рагувер, Здружение на станари .

Од друга страна издавачите на станови и куќи велат дека и тие се соочуваат со сериозни финансиски проблеми.

Слушаме од нашите издавачи, се јавуваат и праќаат електронска пошта, загрижени се дека може да ги загубат нивните домови но и домовите кои ги издаваат. Се плашат дека нема да бидат исплатени кога ќе заврши сето ова вели Трејси Бесон, Национална асоцијација на станоиздавачи.

Дел од експертите, пак, сметаат дека Конгресот мора да преземе нешто на федерално ниво, како на пример простување или преземање на кирии и рати на кредити.

Масовните отпуштања што се случуваат во оваа земја не се по вина на тие работници. Мора да делуваме, мора да го натераме Конгресот да го направи исправното и да донесе обемен закон и да ги задржи мерките кои знаеме дека претходно ја сопреа лавината принудни иселувања вели Џина Кејала, адвокатка.

Сепак, ова е малку веројатно. Наредната недела Конгресот престанува со работа до завршувањето на претседателските избори закажани за 3-ти ноември.

Една третина од Американците живеат под кирија, но и најголем дел од оние кои имаат сопствен дом за него плаќаат кредит со хипотека. За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.