Реклама

Едни со други, наместо едни покрај други: Млади од регионот дебатираа како против предрасудите и бариерите

Молкот се крши – повеќе пријави за семејно насилство, посилни мерки за заштита

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Прилози

Едни со други, наместо едни покрај други: Млади од регионот дебатираа како против предрасудите и бариерите

Може ли регионот да се ослободи од товарот на минатото? Како да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Може ли регионот да се ослободи од товарот на минатото? Како да се гради доверба во време на несигурност и лажни вести? И каква улога имаат младите кога треба да се спречи следниот конфликт? Ова беа само дел од прашањата на кои се обидоа да дадат одговор млади од Македонија, Србија и Косово на четиридневната Младинска конференција „Младите на маса – обликување на мирот и безбедноста преку дијалог за политики“, која се одржа во Крушево. Според досегашните истражувања, младите живеат едни покрај други, без да знаат ништо за оние до нив, а притоа се полни со предрасуди и бариери.

„Ние ги подготвуваме младите да бидат чинители на мирот и безбедноста во регионот, да бидат подготвени да одговорат на сите глобални предизвици кои што може да го дестабилизираат регионот. Целта на овој наш проект е да направиме платформа преку која ќе овозможиме да се избришат тие невидливи граници кои што постојат кај младите луѓе и отворено да отидат и да ги посетат нивните соседи, затоа што младите луѓе не се познаваат доволно, живеат едни покрај други, а не едни со други“, изјави Методија Стојчески, извршен директор на Младински сојуз – Крушево.

„Тоа се некои невидливи граници каде вие фактички правите бариери било заради етничката припадност, или за некои историски факти кои се разликуваат во една или друга етничка заедница, било да се тоа некои предрасуди или јазичните бариери… Тоа е еден збир од невидливи граници кои секој од нас ги има“, рече Миодраг Милиќевиќ, НВО „Актив“ од Косово.

Реклама

Младите кои беа учесници на оваа конференција имаа можност лично и непосредно да се запознаат меѓу себе, да посетат повеќе градови, историски споменици и места, и потоа самите да донесат заклучок за тоа што го разговарале, виделе и слушнале, за границите што не се гледаат на мапата, но сè уште ги делат луѓето.

„Мислам дека на првиот проект имаше најголеми граници затоа што секоја група на луѓе, мислам секоја држава си беше засебна, но како продолживме со проектот, тоа малку се скрши и повеќе почнавме да комуницираме еден со друг. А една од најголемите потешкотии беше јазикот, па моравме да зборуваме на англиски со нив“, посочи Матеј Павловски од Куманово.

Овој проект е реализиран со поддршка на Сојузното министерство за надворешни работи на Германија, под мотото „PRO PEACE: Патот на младите кон одмрзнување на регионалната доверба, стабилноста и безбедноста“, со финале – снимање на документарниот филм „Перспектива: Невидливи граници во регионот“.