Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Зголемување на платите на полициските службеници, нови униформи и проверки на интегритетот во МВР, најавува Тошковски

Министерот Панче Тошковски најавува реформи во Министерството за внатрешни работи, нови униформи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Панче Тошковски најавува реформи во Министерството за внатрешни работи, нови униформи, подобри услови за работа и зголемување на платите на полициските службеници. Најави и дека во иднина ќе има построги механизми за контрола на професионалноста и интегритетот на полициските службеници.

Во гостувањето на една од националните телевизии, Тошковски оцени дека МВР мора порационално да ги користи човечките ресурси и да ги зајакне оперативните капацитети, посочувајќи дека новата систематизација и Законот за внатрешни работи биле одложени по политичка одлука, по реакциите на опозицијата.

Тој најави дека до крајот на годината полициските службеници ќе добијат нови, модерни униформи, а во иднина се планираат и нови возила, подобри објекти и нов колективен договор.

Реклама

Во однос на платите, министерот рече дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт имало зголемување, а платите дополнително се усогласуваат согласно годишните законски механизми.

– За професионалците и за оние коишто се столбот на безбедносниот систем во Македонија, во иднина ќе има и зголемување на плати, и нови униформи, и повеќе возила, и подобри услови за работа, и подобри објекти, и нов колективен договор – изјави Тошковски.

Тој се осврна и на потребата од расчистување на состојбите во полицијата, посочувајќи дека ќе има повисоки професионални стандарди и поголема одговорност за службениците кои не ги почитуваат правилата и процедурите.

– Мора да се исчистиме од овие другите. Има и таму луѓе што се корумпирани – рече министерот.

Тошковски нагласи дека боди камерите, кои треба да бидат воведени на територијата на целата држава до средината на 2027 година, ќе придонесат за поголема транспарентност и контрола на полициското постапување.

Во интервјуто тој зборуваше и за борбата против корупцијата, при што наведе дека МВР поднело кривични пријави против поранешни и актуелни функционери, но дека конечниот резултат зависи и од работата на Јавното обвинителство и судовите.

На прашањето дали планира да поднесе оставка по критиките од опозицијата, Тошковски одговори дека нема таква намера и дека останува посветен на работата во МВР.

Призна дека во изминатиот период, особено кога имал здравствени проблеми, на два наврата размислувал да се повлече од функцијата, но дека желбата за подобра Македонија и резултатите од досегашната работа го мотивирале да продолжи.