Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Тошковски: Жал ми е што држава членка на ЕУ стана заштитник на криминалци, тоа говори за нив не за нас

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва изрази жалење што една земја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва изрази жалење што една земја членка на Европска Унија е заштитник на сите осомничени и осудени за криминал. 

Во емисијата на една од националните телевизии, прашан дали има соработка со бугарската полиција во врска со случајот со Ива Михаилова и изјавата на бугарскиот колега дека не планираат да постапат по потерницата и да ја вратат во Македонија, Тошковски посочи дека тоа говори за нив и оти ние треба да си го држиме курсот кој што го држиме.

– Мене ми е многу жал што една земја членка на Европска Унија е заштитник на сите осомничени и осудени за криминал. Тоа говори за нив, не говори за нас. Ние треба да си го држиме курсот којшто го држиме. Ние треба да сториме сѐ да си ја направиме Македонија подобро место за живеење. Мислам дека сме на прав пат. Со сето ова коешто го правиме, мислам дека сме на прав пат – рече Тошковски.

Реклама

Македонија, нагласи, за среќа не е прибежиште на осомничени и на осудени криминалци. 

Во однос на истрагата како Михаилова ја поминала границата посочи дека истиот ден се потврдиле лажните тврдења на осомничената и нејзиниот адвокат дека легално ја поминале границата, а други детали не откри во интерес на истрагата.

Министерот Тошковски за два-три месеци очекува резултати од дигитализацијата на која работеле две и пол години, подвлекувајќи дека ако правилно се вложувало последниве 10 години, немало да се случува тоа што се случува сега. Македонија, подвлече, е планинска земја со 85% од зелената граница во рамки на планински реони и оти физички не може да се покрие ниту една десеттина.

– Да почнеле со дигитализација пред 10 години, сега ќе бевме дигитализирани. Да почнеле со Полициска академија пред 10 години, сега веќе ќе имавме околу 1.500 до 2.000 обучени полициски службеници низ Полициска академија. Ако не и три, зошто да не и три – рече Тошковски, подвлекувајќи дека со европските партнери работат на зајакнување на целокупната граница, не само на зелената.