Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Емини за Алта банка АД Битола: Самото воведување на администрацијата не претставува основа за активирање на постапката за обесштетување

До овој момент не е донесена одлука за одземање на дозволата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До овој момент не е донесена одлука за одземање на дозволата за основање и работење на Алта банка АД Битола. Банката е под привремена администрација воспоставена со решение број 15-3524/1 од 1 ноември 2026, согласно член 139 од Законот за банките. Самото воведување на администрацијата не претставува основа за активирање на постапката за обесштетување – истакна во своето воведно обраќање Бехар Емини, директор на Фондот за осигурување депозити пред пратениците во македонското Собрание, на Комисијата за финансирање и буџет, на денешната надзорна расправа „Причини за воведување на администратиција во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. 

Емини посочи дека согласно член 5 став 5 од Законот за Фондот за осигурување на депозити, банката продолжува да има обврска за плаќање на премијата. Спроведена е и евиденцијата на Фондот на Алта Банка АД Битола, којашто редовно ја плаќа премијата и по донесувањето на одлуката за воведување администрација целосно ја исполнува оваа законска обврска.

​- За потребите на оваа надзорна расправа, во интерес на транспарентноста и институционалната отчетност, сакам да презентирам конкретен податок за финансискиот капацитет на фондот: 25 милијарди 610 милиони денари или околу 416 милиони евра. Ова е вкупната вредност на инвестициското портфолио на фондот, наменет за исполнување на законските обврски кон осигурените депоненти. Управувањето со средствата се темели на принципите на сигурност, ликвидност и одговорно финансирање, но и одговорно финансиско управување. Средствата се инвестирани во краткорочни државни хартии од вредност, во рок од достасување од 12 месеци, издадени од Министерството за финансии. Фондот не инвестира во долгорочни хартии од вредност, ниту во хартии од вредност издадени од странски банки. Ликвидноста може да се обезбеди преку редовно достасување, евентуален предвремен откуп на државните записи од страна на Министерството за финансии или преку продажба на секундарниот пазар, согласно важечките услови и процедури – вели Емини. 

Реклама

​Тој додаде дека фондот има искуство од претходните случаи, вклучително и случајот со Еуростандард банка. 

– Во случај на ризичен настан, Фондот ќе ги преземе потребните финансиски, организациски и оперативни активности за започнување на исплатата за обесштетување во законскиот рок. Осигурените депозити се заштитени до износ од 30.000 евра во денарска противвредност, по депонент во една банка, согласно законските услови. Како директор ја почитувам улогата на Собранието во парламентарниот надзор. Фондот е подготвен да презентира дополнителни информации за своите надлежности, финансискиот капацитет и работењето со почитување на законските обврски за доверливост. Доверливоста не ја исклучува институционалната отчетност за фондот. Фондот располага со значителен финансиски капацитет, институционално искуство и механизми за исполнување на законските обврски. Во конкретниот случај, во овој момент, уште еднаш сакам да потенцирам, не е настанат ризичен настан – рече Емини. 

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска праша дали во трезорот и документите на Алта банка АД Битола постојат 80 милиони евра или соодветни кеш еквиваленти, односно толку колку што стои во билансот на банката. Емини одговори дека треба да се направи разлика помеѓу надлежностите на Народната банка како извршен орган и Фондот за осигурување на депозитите.

– Фондот работи со обесштетување до 30.000 евра за тие што се осигурени. Тогаш фондот ги зазема потребните чекори за реализација на овие исплати, не би било одговорно да дадеме некои претпоставки за иднината на банката – вели Емини. 

Директорот на Фондот за осигурување депозити Емини информираше дека пред неколку дена поднеле барање до администрација на банката и побарале во писмена форма да им дадат одговор за депозитите коишто се осигурени во Алта Банка АД Битола и како што рече „сѐ уште не сме добиле одговор од нивна страна“. 

– По земање на извештајот, после ќе процениме за понатамошна постапка. Дотогаш не би било професионално да претпоставиме што ќе содржи тој извештај. Секако дека мој приоритет е заштита на депозитите – потенцираше Емини.

На прашањето на пратеничката Арбана Пашоли дали фондот бил информиран за новиот сопственик на Алта банка и дали имале оцена од Народна банка, Емини одговори дека Народната банка е главната институција којашто донесува одлука за влегување или невлегување на некоја банка во нашиот банкарски систем.

– Ние како фонд излегуваме на сцена ако Народната банка одлучи да им укине дозвола на некоја банка. Дотогаш нашите надлежности се ограничени и немаме никаков дополнителен простор за да можеме да направиме некоја контрола или да бараме одговорност од нив. ​Спомнав и порано дали имаме оцена од Народна банка, на денот кога се направи, кога се огласи банка Алта Банка во Србија за стечајна, бевме и дискутиравме во Народната банка и должностите кои се наши како фонд и изразивме подготвеност, доколку би имале таков простор за интервенција, ние сме подготвени професионално и финансирано да реагираме – вели Емини.

Прашан што ќе се случува со граѓаните коишто имаат над 30.000 евра во денарска противредност, осигурени во Алта банка АД Битола, Емини во својот одговор на надзорната расправа истакна дека Законот за Фонд на осигурување на депозити е многу прецизен во овој правец и гарантира оти граѓаните до 30.000 евра ќе ги земат од Фондот за осигурување на депозити. 

– Значи до тука е нашата должност како Фонд, што после реално ќе се случува со тие фирми или лица коишто имаат над 30.000 евра, како што го имавме и случајот во Еуростандард банка и во други банки коишто беа под стечај, значи остатокот на парите коишто не ги земаат преку Фондот на осигурување депозити, ги земаат преку мерката на ликвидација. Колку може да трае тој период, го имаме конкретниот случај на Еуростандард, којшто е од 2020 година и уште е во процес. Тоа што сакам да го истакнам уште еднаш е дека досега од Народната банка ние имаме само одлука за администрација а не одлука за земање или одземање  дозвола и ние во овој правец како Фонд не можеме да имаме поконкретен одговор – вели Емини.

Пратеничката Драгана Бојковска праша колку средства исплати Фондот за обесштетување на депонентите по одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка во 2020 година и која е суштинската разлика помеѓу тогашната состојба и сегашната состојба со Алта банка од аспект на законските обврски на Фондот. 

– Значи, случајот за Еуростандард банка е едно големо искуство за Фондот за осигурување депозити. Во 2020 година имаше 130 илјади депоненти, околу 68 милиона евра, досега се исплатени 91 посто, а процесот на стечај сѐ уште е во тек и граѓаните од ден на ден продолжуваат да ги зимат парите коишто им следуваат без разлика на пандемијата. Фондот во тоа време ги активираше механизмите и организираше плаќања преку четири банки. Значи ова искуство е многу значајно. Но, секој банкарски случај има свои спецификации – рече Емини на надзорната расправа за Алта банка АД Битола, која се одржува денеска на Комисијата за финансирање и буџет во македонското Собрание.