Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

„Чистота и Зеленило“ исплатило 196,6 милиони денари за плати, доверители и наследени долгови, Томиќ најави нова опрема

ЈП „Чистота и Зеленило“ во изминатата една година исплатило вкупно 196,6 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП „Чистота и Зеленило“ во изминатата една година исплатило вкупно 196,6 милиони денари за плати, обврски кон доверителите и сервисирање на наследени долгови – информираше на денешната прес-конференција директорот на претпријатието Сашо Томиќ.

Тој во отчетот за сработеното истакна дека периодот бил исполнет со финансиски и оперативни предизвици, меѓу кои проблеми со возниот парк, трошоците за гориво и депонијата „Краста“.

Сепак, и покрај предизвиците претпријатието, успеало да намири повеќе обврски. Како што потенцираше, директорот на комуналното претпријатие, најголем дел од исплатените средства, односно 114 милиони денари, биле наменети за обврските кон вработените, 55,6 милиони денари за доверителите и добавувачите, а 21, 8 милиони денари за даночни обврски и камати.

Реклама

Томиќ посочи дека во изминатиот период претпријатието добило три специјализирани возила со поддршка од Владата, кои се регистрирани и ставени во функција. Во моментов, како што информираше, секојдневно работат со 11 до 12 камиони во неколку смени.

– Донекаде сум задоволен од обврските што ги извршуваме во Куманово во делот на собирањето, транспортирањето и депонирањето на сметот, но сè уште не сум задоволен од услугата во одредени приградски и селски средини. Се надевам дека во наредниот период ќе ја подобриме. Очекувам дека следната година ќе добиеме нова опрема и камиони за комуналната хигиена да ја подигнеме на повисоко ниво – рече Томиќ.

Во однос на состојбата со депонијата „Краста“, тој посочи дека претпријатието се соочувало со сериозни проблеми, а по пожарот и интервенциите на терен отпадот. Томиќ нагласи дека претпријатието и натаму се соочува со зголемени трошоци за гориво. Според него, ако пред седум до осум месеци месечните фактури за нафта изнесувале меѓу еден и 1,2 милиони денари, сега надминуваат два милиони денари.

Тој се осврна и на забелешките од граѓаните и на опозицијата за комуналната хигиена, посочувајќи дека во централното градско подрачје сметот се собира во три смени и дека контејнерите се полнат во текот на денот. Како проблем ги посочи дивите депонии, кои, според него, на одредени локации се чистат повеќепати, но повторно се создаваат поради несовесно однесување на граѓаните.

– Не се согласувам со констатациите дека Куманово тоне во ѓубре. Градот го сервисираме во две до три смени, а во централното подрачје секојдневно се интервенира. Проблеми имаме во приградските и селските средини, каде што се трудиме состојбата да ја доведеме во нормала. Проблем се и дивите депонии, кои ги чистиме, но не можеме сами да спречиме нивно повторно создавање – изјави Томиќ.

Во однос на кадровската состојба, директорот информираше дека во изминатата година не бил вработен административен кадар, туку биле спроведени три огласи за прием на возачи и општи работници. Тој посочи дека претпријатието има потреба од дополнителни оперативни работници, особено возачи на тешки моторни возила, бидејќи дел од новопримените работници заминале на други работни места.

Според Томиќ, во претпријатието има околу 300 вработени, од кои околу десет проценти се административен кадар. Тој најави дека ќе продолжат напорите за рационализација на трошоците и подобрување на условите за работа и примањата на вработените.

– Приоритет и понатаму останува подобрувањето на услугите кон граѓаните и правните субјекти, но и обезбедувањето подобри услови за вработените. Очекуваме поддршка од Општина Куманово и зголемување на средствата за одржување на јавните и зелените површини, бидејќи станува збор за голема општина за чие одржување се потребни соодветни средства – рече Томиќ.

Тој ги повика сите кои имаат искуство како возачи на тешки моторни возила, камиони и булдожери да се пријават во претпријатието за вработување. Томиќ посочи дека претпријатието влегува во втората година од мандатот со намалени обврски кон одредени доверители, но и со предизвикот за сервисирање на преостанатите долгови и зголемените оперативни трошоци.