Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Собранието се приклучува на глобалната кампања против насилството врз жените

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со кој се потсетува на потребата од континуирани заложби, институционална одговорност и заедничко дејствување за спречување на сите форми на насилство. На овој ден почнува и глобалната кампања „16 дена активизам“, чија цел е подигање на јавната свест, поттикнување на општествената одговорност и испраќање јасна порака дека насилството не смее да се премолчува или оправдува. Како највисок претставнички и законодавен дом, Собранието се приклучува кон кампањата, потврдувајќи ја својата посветеност на промовирањето на еднаквоста, заштитата на човековите права и создавањето општество во кое секоја жена и девојка ќе може да живее без страв, насилство и дискриминација.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во пресрет на почетокот на кампањата, пратениците оставиле свои пораки на симболичен банер во Собранието, приклучувајќи се кон повикот за прекинување на молкот, подигање на свеста и заедничко дејствување во борбата против насилството врз жените.

-Со своите пораки, тие испратија јасна порака дека спречувањето на насилството е заедничка одговорност и дека секој поединец, институција и заедница има важна улога во создавањето безбедна средина, во која жртвите ќе добијат поддршка, а насилството ќе биде препознаено, пријавено и соодветно санкционирано – велат од Собранието.

Реклама

Како што најавуваат оттаму, Собранието и во наредните 16 дена ќе продолжи да испраќа пораки за подигање на свеста, охрабрување на пријавувањето и поттикнување на заедничка одговорност во борбата против насилството врз жените.