Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Амбасадорот на Турција Алпер Акташ во посета на Гостивар 

Гадоначалникот на Општина Гостивар Валбон Лимани денеска имаше средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гадоначалникот на Општина Гостивар Валбон Лимани денеска имаше средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Алпер Акташ. На средбата се разговараше за добрите односи и соработката меѓу Република Турција и Општина Гостивар, како и за можностите за натамошно унапредување на оваа соработка во области од заеднички интерес.

Посебно внимание беше посветено на меѓуинституционалната соработка, размената на искуства и можностите за реализација на заеднички проекти во иднина, кои би придонеле за развојот на Гостивар и за зајакнување на пријателските врски меѓу двете земји.

Зборувајќи за средбата, градоначалникот Лимани, ја истакна важноста од продлабочување на соработката со институциите и општините од Република Турција.

Реклама

-Разговаравме за многу теми и области, особено за можната соработка, како на општинско ниво, така и на други нивоа. Зборувавме и за размената на искуства што можеме да ја оствариме со општините од Република Турција. Досега имавме проекти што се реализирани, а сега зборуваме и за новите можности што ни се отвораат за иднината – изјави градоначалникот Лимани.

Абасадорот Акташ, ги оцени како добри односите меѓу двете земји и изрази подготвеност за натамошно продлабочување на соработката со Општина Гостивар.

-Односите меѓу Република Северна Македонија и Турција секој ден се зајакнуваат и така ќе продолжи. Токму тоа е целта на мојата посета – како да ги зајакнеме врските меѓу Турција и Општина Гостивар. Од образованието до занаетите, од она што го нуди општината, економијата и туризмот, значи во многу сфери, ги разгледуваме можностите и што можеме да направиме заедно. За тоа се сретнавме со градоначалникот и му се заблагодарувам за гостопримството – изјави Акташ.

Во рамки на посетата, амбасадорот оствари средба и со вработените и учениците во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар.