Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Прес-релис

ВЛТ донираше 4.350.000 денари за ново мултифункционално спортско игралиште во Куклиш

Со инвестиција во спортот и младите, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да поддржува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со инвестиција во спортот и младите, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да поддржува проекти кои создаваат подобри услови за живот и развој на локалните заедници.

Во населеното место Куклиш, Општина Струмица, денеска беше пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со донација од Видеолотарија Касинос Австрија во вредност од 4.350.000 денари.

Новото игралиште претставува значајна придобивка за жителите на Куклиш, особено за децата и младите, кои добиваат современ и функционален простор за спорт, рекреација и дружење. Овој проект е пример за тоа како соработката меѓу општествено одговорните компании и локалните самоуправи може да придонесе за создавање трајни вредности во заедницата.

Реклама

„Веруваме дека вложувањето во спортот е вложување во здрави генерации, во заедништво и во можности за секое дете. Едно спортско игралиште не е само уреден простор, тоа е место каде што се создаваат пријателства, се учи тимската работа, се развиваат талентите и се градат здрави навики. Затоа ни е особено драго што со оваа донација придонесуваме децата и младите од Куклиш да добијат простор во кој ќе можат да спортуваат, да растат и да ги остваруваат своите потенцијали“, истакна Вики Чадиковска, маркетинг директорка на Видеолотарија Касинос Австрија.

На настанот се обрати и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, кој ја истакна важноста на ваквите инвестиции за подобрување на условите за спорт и рекреација на локалното население.

Со оваа донација, Видеолотарија Касинос Австрија ја потврдува својата заложба за поддршка на проекти од јавен интерес, со посебен фокус на децата, младите, спортот и развојот на локалните заедници.