Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Бојковска: Буџетот за 2027 носи нови инвестиции во образованието и подобри услови за студентите

На телевизија „Алсат“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизија „Алсат“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, која истакна дека буџетот за 2027 година става акцент на капиталните инвестиции, образованието и студентскиот стандард, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој буџет којшто е за 2027 година дава фокус на капиталните инвестиции, но дава и многу фокус на образованието, во овој буџет се издвојуваат средства коишто значат конечно отпочнување на оној проект на зградите на Финки и на ФФК, и со овој буџет имаме обезбедено средства за да се започне одредена фаза за отпочнување на овој проект. За наредната година имаме обезбедено средства за 30 целосно нови спортски сали во училиштата и за реконструкција на 30 постојни спортски сали, зголемени се средствата за студентскиот стандард, за стипендиите, го пуштивме во употреба со поддршка на Европската Унија студентскиот дом „Стив Наумов“, а веќе до јануари месец се очекува и отворањето на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, и обврска даваме со овој буџет дека ќе отпочне реконструкцијата и на останатите државни студентски домови“, рече Бојковска.

Бојковска го оцени извештајот на Европската комисија како објективен приказ на напредокот на државата, посочувајќи ги образованието и дигитализацијата како области во кои е забележан напредок.

Реклама

„Јас би го оценила извештајот на Европската комисија како еден објективен извештај за напредокот на нашата држава, и тоа треба да ни биде патоказ што сме направиле досега, каде можеме да се подобриме, но особено значајно е што немаме уназадување во ниту една област и во ниту едно поглавје, што значи дека не сме направиле апсолутно никаква штета, потенциран е особено оној напредок којшто се однесува на образованието, на дигитализацијата“, децидна е Бојковска.