Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Уставните судови на Македонија и Босна и Херцеговина ја зајакнуваат соработката

Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски, оствари билатерална посета со судии од Уставниот суд на Босна и Херцеговина во периодот од 22 до 25 ноември 2026 година.

Во рамките на посетата, претседателите на двата суда, д-р Дарко Костадиновски и Мирсад Ќеман потпишаа Меморандум за соработка. 

Со Меморандумот се реафирмираат досегашните пријателски односи и соработката меѓу двата суда и се воспоставува рамка за интензивирање на идната соработка преку размена на стручни информации и уставно-судска практика, организирање заеднички стручни средби, семинари и конференции, како и други форми на соработка од заемен интерес.

Реклама

Беше истакнато дека Меморандумот претставува израз на заедничката посветеност на двата уставни суда за развивање партнерски односи засновани на меѓусебно почитување, стручна соработка и размена на искуства, со целосно почитување на нивната уставна и институционална независност.

Стручната дискусија, која му претходеше на потпишувањето на Меморандумот беше фокусирана на три клучни прашања: улогата и надлежностите на уставните судови, нивната независност и самостојност, како и почитувањето и извршувањето на одлуките на уставните судови. Дел од дискусијата беа и раководителите на одделенијата во Канцеларијата на регистраторот на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

На средбата беше нагласено дека соработката меѓу двата уставни суда претставува значаен придонес за уставноста и законитоста, владеењето на правото и заштитата на човековите права и основни слободи.

Делегацијата на Уставниот суд на Македонија е во состав од претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски, судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева, Фатмир Скендер и Мери Дика-Георгиевска, генералниот секретар Виолета Ѓорѓиевска самостојниот советник за протоколарни работи Симона Герасимова-Јовановска.

Во Уставниот суд на Босна и Херцеговина делегацијата беше пречекана од претседателот Мирсад Ќеман, потпретседателката Валерија Галиќ, судиите Марин Вукоја и Лариса Велиќ, генералниот секретар Наташа Вуковиќ и регистраторката Ерда Зачирагиќ.