Младите се најголемиот капитал на нашата земја, а нивниот успех е наша заедничка одговорност. Сакаме секој млад човек да знае дека зад неговите амбиции лежи поддршката од државата, истакна попладнево министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на неговата Фејсбук-страница.
– Денеска со задоволство ги пречекав студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, предводени од деканот – проф. Букурие Имери Јусуфи, продеканот – проф. Теута Зенку и професорката Арта Ејупи, со кои разговаравме за нивните можности, предизвици и иднина. Мојата порака е јасна: вратите на Министерството за економија и труд секогаш се отворени за младите, за соработка, нови идеи и иницијативи што создаваат перспектива – нагласи министерот.
Преку Оперативниот план за вработување, мерките за самовработување и поддршката на претприемништвото, тој додаде дека тие се посветени да обезбедат младите луѓе да имаат можност професионално да се развиваат, да се вработат и да започнат сопствен бизнис.
– Сакаме секој млад човек да знае дека зад неговите амбиции лежи поддршката од државата. Бидејќи дипломата треба да отвора врати, идејата треба да има можност да стане бизнис, а сонот треба да има можност да стане реалност. Ние не ја чекаме иднината на нашата земја, ја градиме заедно со младите – додаде Дурмиши во објавата.

