Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Пратеничката Петрушевска учествува на меѓународната парламентарна конференција „Обезбедување на иднината на Европа“ во Варшава

Шефицата на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шефицата на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Марија Петрушевска, учествува на меѓународната парламентарна конференција „Обезбедување на иднината на Европа“, која денеска се одржува во Варшава, Република Полска.

Конференцијата се организира по повод одбележувањето на 35-годишнината од пристапувањето на Полска во Советот на Европа и има за цел да ги вклучи пратениците во актуелните европски дебати за демократските вредности, безбедноста и иднината на европската соработка.

Во фокусот на конференцијата, информираат од собраниската прес-служба, се улогата на парламентарната дипломатија во изградбата на заеднички европски правен простор, новиот демократски пакт за Европа, зајакнувањето на демократската безбедност и општествената отпорност, како и придонесот на универзитетите и науката во унапредувањето на демократските вредности и иновациите.

Реклама

Посебно внимание е посветено на актуелните предизвици со кои се соочува Европа, вклучително и војната во Украина, хибридните закани, дезинформациите, намалената доверба во институциите и потребата од зајакнување на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Дел на конференцијата е посветен и на младите и нивната улога во обликувањето на иднината на Европа, односно младинското учество во демократските процеси, вклучувањето на младите во донесувањето одлуки, како и влијанието на социјалните медиуми, вештачката интелигенција и дезинформациите врз демократските општества.

-Пратеничката Петрушевска, честитајќи го 35-годшното членство на Република Полска во Советот на Европа, ја искористи можноста да упати прашања до панелистите за тоа што може да преземе Парламентарното собрание за да ја зајакне својата улога во заштитата на Европската конвенција за човекови права и да обезбеди нејзино ефикасно спроведување во сите држави членки, особено во ситуации кога одредена држава членка не ја почитува Конвенцијата, што има сериозни последици врз заштитата на правата на малцинствата на нејзината територија, стои во соопштението.