Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Со претставите „Мојот маж“ и „Ана – непоправливата“ завршува 51. издание на МОТ

Со две претстави од меѓународната програма, вечерва завршува 51. издание на Меѓународниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со две претстави од меѓународната програма, вечерва завршува 51. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој и оваа година го претвори Скопје во простор за средба на различни театарски јазици, естетики и сценски истражувања.

Како што информираат ид МКЦ, фестивалската завршница ќе ја одбележи претставата „Мојот маж“ во режија на Марија Манганари, во продукција на грчкиот театарски колектив „Процес“, која ќе се одигра во 20 часот во салата „Фросина“ при МКЦ.

Инспирирана од истоимената збирка раскази на Румена Бужаровска, претставата отвора ироничен и искрен поглед кон женските искуства, интимните односи и семејните динамики во современото патријархално општество. Преку приказните за сопруги, љубовници, мајки, ќерки и пријателки, на сцената се преиспитуваат традиционалните родови улоги, илузиите за еманципацијата и противречностите на човечките односи. Втората претстава со која ќе биде затворена фестивалската програма е „Ана – непоправливата“, во режија на Надја Панчева, во продукција на „Арт центар Оренда“ и „Топлоцентрала“ од Бугарија. Таа ќе започне во 22 часот во салата „25 Мај“ при МКЦ. Посветена на 18-годишнината од убиството на руската новинарка и активистка Ана Политковскаја, претставата, според текст на Стефано Масини, се занимава со слободата на говорот, политичката моќ, механизмите на репресија и судбината на оние кои одбиваат да замолчат пред неправдата.

Реклама

-И покрај организациските, финансиските и продукциските предизвици, МОТ и оваа година успеа да ја реализира својата програма и да ја продолжи меѓународната театарска размена. Фестивалот е единствениот театарски фестивал во државата со меѓународна програма кој повеќе од пет децении се одржува во континуитет, без прекин, опстојувајќи низ различни политички и општествени премрежја, институционални предизвици и финансиски неизвесности, па дури и во услови на светска пандемија. Повеќе од пет децении, МОТ претставува важен дел од културниот идентитет на Скопје и домашната независна и институционална театарска сцена, благодарение на посветеноста на генерации театарски работници, уметници, соработници и публика, потенцираат од МКЦ.

Со вечерашните две претстави, 51. издание на фестивалот го заокружува своето патување, потврдувајќи ја потребата од отворен, критички, современ и меѓународно поврзан театарски простор.