Реклама

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

Македонија

Задолжителните систематските прегледи кај учениците откриваат логопедски проблеми, но и со видот и‘рбетот

Во Штип се во тек систематските прегледи на учениците, кои се спроведуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Штип се во тек систематските прегледи на учениците, кои се спроведуваат според распоредот на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Целта е навремено откривање на евентуални здравствени проблеми кај децата преку проверки на растот, видот, говорот и физичкиот развој.

Директорот на здравствениот дом, Горан Андонов, информира дека прегледите ги вршат специјалисти педијатри, а опфатени се и психолошки и логопедски процени, мерење на висината и тежината, проверка на видот и откривање можни ортопедски проблеми.

– Службата за превентивна здравствена заштита, односно Одделот за вакцинација континуриано работи. Во овој период сега се систематските прегледи на ученциите, кај нас регуларно тече вакцинацијата, имаме доволен број. Знаете дека имаме допис од Министерството за здравство, за да се прекине вакцинирањето на БСЖ вакцина, се уште чекаме повратен допис за да можеме да започнеме. Така што само вакцинирањето со БСЖ вакцина е прекината, сите останати вакцинации, односно сите вакцини ги имаме и се продолжува со вакцинирање – изјави Андонов.

Реклама

Систематските прегледи ги вршат специјалисти педијатри од установата, а опфаќаат и други здравствени прегледи.

– Се прави психолошки преглед, логопедски преглед, се мери висина, тежина, се испитува вид, дали има ортопедски проблеми и доколку има нешто од тоа се укужавува на ученциите, односно на нивните родители дека треба понатаму да побараат соодветна здравствена заштита – вели Андонов.

Тој посочува дека во споредба со претходните години, денес се почесто кај децата се забележуваат проблеми со ‘рбетот и видот. Според лекарите, една од можните причини е се поголемата изложеност на децата на мобилни телефони и социјални мрежи.

Меѓу позачестените проблеми се и доцнењето во развојот на говорот и потребата од логопедска поддршка. – Доколку при систематските прегледи се утврдат отстапувања, родителите добиваат насоки за понатамошни испитувања и соодветен третман – вели Андонов.