Реклама

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

Македонија

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

– Просечната откупна цена на тутунот од годинашната реколта се очекува да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Просечната откупна цена на тутунот од годинашната реколта се очекува да надмине 420 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во обраќањето на денешниот Форум за ориентален тутун на Меѓународната асоцијација на тутунопроизводители (ITGA) во Прилеп.

-Министерството ја координира подготовката на откупот за да се обезбедат прецизни договорни услови, транспарентна проценка и навремено исполнување на обврските од страна на откупувачите. Ве уверувам дека надлежните служби доследно ќе ги применуваат законските овластувања и ефикасно ќе постапуваат во заштита на правата на производителите- истакна Серафимовски.

Тој најави дека, како дополнување на приходот од продажбата, тутунарите можат да очекуваат субвенции од 80 денари по килограм за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа, издвојувајќи ги економската одржливост на стопанствата и вреднувањето на квалитетот како приоритети во спроведувањето на Стратегијата за производство на тутун за периодот 2021–2027 година.

Реклама

-Високите температури и сушата влијаат врз приносот и својствата на листот на тутунот, особено кога овие климатски фактори дејствуваат истовремено. Затоа приспособувањето кон овие промени ќе го вградуваме во планирањето на производството, со препораки кои ќе се засноваат на научни сознанија и локални мерења- рече Серафимовски, притоа нагласувајќи ја соработката со Научниот институт за тутун во Прилеп и со Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во креирањето на развојни политики како одговор на предизвиците кои произлегуваат од климатските промени.

Осврнувајќи се на економското значење на секторот, тој посочи дека тутунопроизводството ангажира приближно 18.000 земјоделски стопанства, а извозот на тутун и преработки од тутун создава годишен девизен прилив од околу 140 до 150 милиони евра, посочувајќи дека развојните политики се спроведуваат со целосна почит кон политиките за јавно здравје и меѓународните обврски на државата.

-Мерките за поддршка ќе ги усогласуваме со движењата на пазарот, а на тутунарите навреме ќе им обезбедуваме информации за побарувачката и условите за откуп, за полесно да ги планираат површините што ќе ги засадат, а со тоа и потребните вложувања- порача министерот Серафимовски.

Форумот за ориентален тутун во Прилеп го организираа ITGA и Сојузот „Мака на тутуноберачите“, а на него учествуваа тутунопроизводители и претставници на Меѓународната унија на производители на тутун (UNITAB), научната заедница и откупувачи на тутун.