Реклама

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Прилози

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Џабе се разговори за инфраструктура, ако македонските превозници не можат да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Џабе се разговори за инфраструктура, ако македонските превозници не можат да ја преминат границата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на швајцарско-македонскиот бизнис форум го посочи како итен за решавање проблемот на транспортерите кои не можат слободно да возат во Шенген зоната. Вели дека другите држави треба да го земат примерот на Швајцарија, која е првата држава која почна да им дава долгорочни визи на македонските превозници.

„Швајцарија тука беше прва, за што се заблагодарувам. Почна да издава вакви работни визи за возачите и се се надевам дека тоа ќе биде пример што ќе го следат и останатите земји членки на Шенген зоната. Да не зборувам во делот на конкурентноста, колку е поевтино стоката која се произведува тука да биде извезена до крајната дестинација од домашен превозник, а колку е поскапо странски превозник да дојде, да ја земе па да ја однесе таму каде што треба. Ова е навистина голем голем предизвик за ние да зборуваме за проширување на граничните премини“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Извозот е прв приоритет за Македонија – вели Николоски. За таа цел, Владата интензивно вложува во инфраструктурата. Од изградбата на 6-те автопатишта, преку железницата кон Бугарија, подготовките за старт на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, модернизација на пругата кон Кичево и градскиот воз во Скопје, до транспортниот логистички центар во Трубарево. Сите овие проекти треба да овозможат полесен и побрз транспорт на луѓе и стоки.

Реклама

Македонија може да го искористи знаењето и искуството на Швајцарија како да стане главен економски играч во регионот и покрај тоа што е доминантно планинска држава без излез на море – вели амбасадорот на Швајцарија во земјава.

Од Швајцарско-македонската стопанска комора велат дека земјава треба повеќе да ги привлече нашинците од дијаспората да инвестираат во Македонија.

Швајцарско-македонскиот бизнис форум треба да го поттикне дијалогот помеѓу јавниот и приватниот сектор и да ги доближи швајцарските искуства до домашната бизнис-заедница. Засега трговската соработка меѓу двете држави е скромна и изнесувала над 170 милиони евра минатата година.