Актуелните економски и социјални прашања, работничките права и подобрувањето на условите за работа беа во фокусот на разговорите на денешната седница на Економско-социјалниот совет во Владата, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Објавата може да ја погледнете на следниот линк:
На седницата, исто така, била истакната важноста на социјалниот дијалог и соработката меѓу Владата, работодавачите и синдикатите.

-Економско-социјалниот совет претставува значаен механизам за усогласување на ставовите и интересите на сите засегнати страни. Преку конструктивен дијалог и заедничка соработка се создаваат услови за изнаоѓање одржливи решенија, унапредување на животниот стандард на граѓаните и обезбедување стабилен економски и социјален развој – објави Мицкоски на Фејсбук по денешната седница во Владата.

