Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Економија

Јанкуловски: Со Ребалансот породолжува поддршката на развојните капитални инвестиции  и редовна исплата на законските обврски

Со предложениот Ребаланс на Буџетот продолжува да се поддржуваат и да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со предложениот Ребаланс на Буџетот продолжува да се поддржуваат и да се реализираат најважните капитални расходи, истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на денешната расправа по Предлог-ребалансот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Тој потенцираше дека покрај развојната компонента со Ребалансот се обезбедува редовна исплата на тековните расходи во државата.

Јанкуловски пососчи дека Владата максимално се заложува да обезбеди и да го одржи економскиот раст, што, како што рече, беше мислена именка до пред јуни 2024. Додаде дека проблемот со акцизата како директна мерка за зачувување на стандардот на граѓаните придонесе во најголем дел за овој Ребаланс на Буџетот.

-Резултат на таа мерка се 3,77 милијарди денари од 5,3 милијарди денари. Тоа се милијарди денари во прашање и нормално кога од левата страна на Буџетот го имате тој проблем, не заради тоа што сака Владата, од десната страна ги имате тие скратувања кои внимателно се избрани во кој сектор, во кој дел најмалку ќе се почувстува. Но, најбитните клучни капитални расходи се реализираат и се исплаќаат тековните расходи во државата- рече заменик-министерот.

Реклама

Тој појасни дека при првиот Ребаланс проекциите беа дека ситуацијата ќе почне да се средува, но поради дисторзијата што настана, посочи, нормaлно е Владата како одговорна  да  пристапи кон реконструкција во предложениот Ребаланс без притоа да се наруши реализацијата на капиталните инвестиции особено кај шесте автопати што се градат и оние капитални инвестиции што се опфатени со Уредбата за јавни инвестиции кои беа изгласани на Влада и се обезбеди нивно финансирање.

Тој потенцираше дека покрај развојната се исполнува и социјалната функција, односно дека државата мора навремено да ги исполнува своите законски обврски независно од глобланите предизвици.

Наведувајќи дека во периодот јануари-септември исплатени се 87,8 милијарди денари за пензии, 39,7 милијарди денари за здравствени услуги и надоместоци и 11,2 милијарди денари за социјална помош, рече дека обезбедувањето на овие средства се неопхдно за редовно фукцонирање на системите и заштита на граѓаните.