Реклама

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Прилози

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Минималната плата ќе продолжи расте во 2027 година. Министерот за економија Бесар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минималната плата ќе продолжи расте во 2027 година. Министерот за економија Бесар Дурмиши по состанокот на Економско- социјалниот совет вели дека минималецот ќе расте поради порастот на трошоците за живот и просечната плата во државата.  Смета дека моделот треба да остане ист и дека ценовните притисоци во последниве месеци почнале да попуштаат и покрај предизвиците на глобално ниво.

„Просечната потрошувачка кошница за четиричлено домаќинство во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари помалку во однос на август, но за 1.736 денари повеќе споредено со јануари“ – вели министерот за економија Бесар Дурмиши.

На просечно четиричлено семејство му требаат 58.117 денари да го протурка месецот. Ова се најновите пресметки на министерството за економија за месец септември. Дурмиши признава дека животот поскапел од стартот на годинава, но истакнува дека сепак, има намалување на трошоците во септември споредено со август. Вели Државниот пазарен инспекторат е постојано на терен и засега не забележале повисоки маржи од 10, односно 15 проценти во трговијата на големо и мало. Доколку има таква појава, не исклучува мерки како ограничување на маржите.

Реклама

На Економско-социјалниот совет, бизнис секторот не поднел детален предлог за плаќање по саатнина и скратување на бројот на празници во Македонија како што беше претходно најавено. Од друга страна, пак, синдикатите се спротивставија на ваквото барање и порачаа дека стопанството заговара кратење на работничките права. Инаку, ССМ пресмета дека синдикална кошница за четиричлено семејство во октомври изнесува 70.358 денари, што е за 926 денари повеќе отколку во септември. Само за храна и пијалоци се трошат над 26 илјади денари месечно.