Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ЕХО 17 ги отвора приказните од планините, карпите и длабочините на Врело

Меѓународната експедиција во подводната пештера Врело, која го продолжи истражувањето до длабочина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународната експедиција во подводната пештера Врело, која го продолжи истражувањето до длабочина од 338 метри и постави три светски рекорди, е меѓу најинтересните содржини на 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм, што вечерва почнува во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, со проекцијата на филмот „Frost: The Story of a Lifetime“.

Фестивалот, кој ќе трае до 30 октомври, носи програма составена од врвни алпинистички филмови, приказни за планинарењето и скијањето, женски перспективи во планинските спортови, како и теми посветени на природата, климатските промени и животот во планинските заедници.

Во фокусот се филмски приказни за истражување на непознатото, физичка и психолошка издржливост, односот меѓу човекот и природата, но и за предизвиците со кои се соочуваат планинските екосистеми и локалните заедници.

Реклама

Особено место во програмата имаат алпинистичките филмови, кои ги обработуваат големите искачувања, ризикот и границите на човечките можности, како и филмовите што ги пренесуваат искуствата и достигнувањата на жените во планинарството и алпинизмот.