Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Во периодот од 19 до 22 октомври 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал вкупно159 примероци за физичко-хемиска и уште 159 примероци за микробиолошка анализа.
Примероците биле земени од 44 мерни места на територијата на градот Скопје, со цел да се проверат квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

