Во Собранието денеска седници ќе одржат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.
Членовите на Законодавно-правната комисија, пак, ќе го разгледаат Предлогот на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија и Барањето за давање на автентично толкување на член 17 од Закон за пожарникарството, поднесено од пратеникот Славјанка Петровска.

