Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“

Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија, ќе биде доделена денеска во Кристалната сала на Собранието.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Ѓорѓи Јолевски, актер, додека за остварување во областа на науката, наградата им се доделува на: проф. д-р Стојко Стојков, историчар и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог.

Минатата година наградата беше доделена Гоце Тодоровски, актер, Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни, Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар, како и на академик Божин Павловски, писател.