Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Прилози

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија ја има несреќата да нема излез на море, но ја има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ја има несреќата да нема излез на море, но ја има среќата два паневроспки коридори да се пресекуваат во држвава. Токму поради тоа врвен приоритет на Владата е развивањето на Коридорите 8 и 10, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Вели дека една од главните стратешки цели на државава е да ги развива, со цел да се обезбеди и економски напредок, но и политичка стабилност.

-Врвен приоритет на Владата, откако беше избрана во летото 2024-та е изградбата на двата паневропски коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, со отсечката на Коридорот 10Д. Македонија од една страна ја има несреќата да нема излез на море, но од друга страна има среќа да два паневропски коридори се пресекуваат токму низ Македонија, изјави Николоски.

За важноста на овие проекти говореше и евроамбасадорот Михалис Роакс, кој кажа дека од 2007-ма година силно била поддржана инфраструктурата во регионот. За што биле обзебедени 1,2 милијардни евра од буџетските средства, а потоа и доданени 1,8 милијарди за воспостување на инвестициска рамка за Западен Балкан. Според него тоа е доказ тие биле цврсто посветени Македонија да стане членка на ЕУ, што е можно поскоро.

Реклама

-Дадовме и 750 милиони евра, се надевам и повеќе во иднина, со планот за пораст на Евроспката Унија кој што е преселен во агендата на Македонија. И тоа не само за инфраструктурни проекти, за патишта за железници, туку и за енергетска поврзаност, како и дигиталната поврзаност, а и многу други акции кои што вклучиваат експертиза, која што е неопходна за да се реализираат овие цели, изјави Рокас.

Поврзувањето на Западен Балкан е важно за зачувување на целокупната стабилност на Европа, порача амбасадорката на Германија во Македонија, Петра Дрекслер, поради што мора многу да се инвесртира пред се во критичната инфраструктура.

-Поврзувањето за отпорност не може да биде одвоено од стандардот на сојузниците. Македонија обезедува низа примери за тоа како може да се спроведува таков пристап. Како илустрација на тоа значи со донесувањето за сајбер безебдност, земјата ги ажурираше своите податоци и критичната национална структура, изјави Дрекслер.

Инсфрастуктурните проекти беа тема на трибина организирана од Социетас Цивилис и Конрад Аденауер. Марко Трошановски вели дека повеќе од важно е да се разговара каде е Македонија во целото ова поврзување и какви се нашите подготовки за оваа стратешка цел.

-Станува збор тука не само за патишта и пруги, туку зборуваме и за дигитална инфраструктура, во смисла на сајбер безбедност, интероперабилност, услуги, реализација на транспорт итн итн, но зборуваме и за нови интерконектори, гасни и електроенергетски, изјави претседателот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Марко Трошановски.

Според Трошановски добро е што Македонија економски се интегрира, но потребна е и политичката интеграција со силни гаранции за иднината на евроинтегративниот пат.

Матеја Петровски