Реклама

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Економија

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – почна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска извршија увид во почетокот на градежните работи за целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“.

– Кога заедно со Дарко Костовски ја баравме довербата од граѓаните, дадовме јасно ветување, дека во текот на мојот мандат, овие две значајни улици во Бутел ќе бидат целосно реконструирани. Денес, за неполна година од преземањето на одговорноста, долгогодишното барање на жителите веќе станува дело. Градежните активности се почнати, а со нив доаѓа и крајот на долгото чекање за подобри услови во своето маало. Уште во првата година, ветувањата за Бутел ги претвораме во конкретни проекти на терен. Со работа, со посветеност и со одговорност кон секој даден збор. И тука не запираме. Зад нас стои дадениот збор, пред нас уште многу работа. Бутел заслужува. Скопје заслужува – изјави Ѓорѓиевски.

Реконструкцијата опфаќа нов асфалт, нови тротоари и нова атмосферска канализација, а тоа значи побезбедно движење, уредени улици и решавање на проблемите со кои граѓаните се соочуваат со години.

Реклама

Ѓорѓиевски истакна дека истовремено во Бутел се гради и мега-паркот на 86.000 м², огромна зелена површина што ќе стане ново место за прошетки, детска смеа, рекреација и заеднички семејни моменти, а во тек е и процесот за изградба на кружниот тек, како и уредувањето на речното корито на Серава.