Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Андов: Геолошкиот завод се модернизира, програмата се претвора во конкретни резултати

Градиме современа национална геолошка служба во интерес на Македонија и граѓаните. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градиме современа национална геолошка служба во интерес на Македонија и граѓаните. Во рамки на двегодишниот институционален отчет на функционерите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, директорот на Геолошкиот завод,
Ивица Андов, ги презентираше клучните активности за модернизација на институцијата, дигитализација на геолошките податоци и зајакнување на нејзината национална и меѓународна улога, стои во соопштението од Движење ЗНАМ.

Со учеството во Владата во 2024 година, ЗНАМ се заложи својата изборна програма да стане дел од владината програма и да се преточи во конкретни политики и институционални резултати.

Работата на Геолошкиот завод е дел од реализацијата на оваа определба. Во изминатите две години започнат е процес на трансформација на Заводот од претежно архивска и административна институција во современа национална геолошка служба.

Реклама

Клучните активности опфаќаат: Дигитализација и заштита на геолошките податоци преку унапредување на Единствениот геолошки информациски систем – ЕГИС.

Подготовка на нова законска рамка во областа на геологијата и рударството, како и активности за нов Закон за Геолошкиот завод.

Зајакнување на меѓународната соработка преку европската мрежа EuroGeoSurveys, при што Македонија ќе биде домаќин на нејзиното Генерално собрание на почетокот на 2028 година.

Заштита на националното геолошко наследство, вклучително и стручната документација и Елаборатот за заштита на Македонскиот рубин.

Подготовка на проект за модернизација за периодот 2026–2030 година, насочен кон современа опрема, лабораториска поддршка, подобри дигитални системи и зајакнување на стручните капацитети.

„Политиката има смисла само кога програмските определби се претвораат во конкретна работа и резултати. Тоа беше нашата цел кога ЗНАМ влезе во Владата и тоа е принципот по кој ја извршуваме одговорноста во институциите“, истакна Андов.

За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, отчетноста значи јасна обврска пред граѓаните: преземените обврски да се преточат во институционална работа, а институциите да се модернизираат и да служат на интересите на државата.

Процесот на модернизација на Геолошкиот завод продолжува, со цел заштита и подобро искористување на геолошките ресурси, зачувување на природното наследство и приближување на институцијата до современите европски стандарди.

Две години работа.
Две години резултати.
Една љубов – Македонија!