Повеќе луѓе загинале, а голем број се повредени во тежок инцидент во канадската воена база Вејнрајт, по кој избувнал голем пожар што се проширил и надвор од воениот комплекс.
Канадскиот министер за одбрана, Дејвид Мекгинти, синоќа потврди дека има загинати и повредени, но не соопшти колку точно луѓе настрадале ниту што точно се случило. Некои канадски медиуми објавија дека на инцидентот му претходела експлозија, но властите засега официјално не ја потврдиле оваа информација.
Истрагата ја спроведуваат канадската војска и полицијата. Засега не е познато дали сите загинати и повредени се припадници на вооружените сили.

