Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Прилози

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Дијагнозата карцином на дојка не значи и крај на животот, туку почеток…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дијагнозата карцином на дојка не значи и крај на животот, туку почеток на потешка битка, вели Виолета Ефтимова, на која болеста ѝ била дијагностицирана кон крајот на деведесеттите години. Денес таа повторно ужива во работите што ја исполнуваат, а своето искуство го споделува со другите жени, охрабрувајќи ги да не се предаваат и да не губат надеж.

„Да не се затвораат дома, туку да си најдат оддишка за својата душа. Еве, јас се пронајдов во културно-уметничките друштва, во играорната сум повеќе од 10 години, со песна. Знаете, со песна не може да бидеш нерасположен. Инаку, дома постојано ќе ти се врти таа мисла за болеста, а знаеме дека ракот на дојка е излечива болест ако рано се открие“, вели Виолета Ефтимова, поранешна пациентка.

Навремената дијагностика и соодветните третмани се клучни во борбата со карциномот на дојка. Чекањето на испитувањата носи голема неизвесност кај пациентите, но и ризик болеста да напредува. Според Ефтимова, покрај лекувањето, големо значење имаат и психолошката поддршка и размената на искуства меѓу пациентките. Таа е меѓу првите во регионот што, преку формирање невладино здружение, им обезбедувала ваква поддршка на жените со оваа дијагноза.

Реклама

„Ракот е излечива болест ако се открие навреме. Сите да вршат самопреглед на дојките. Ако болеста се открие рано, шансите за успешно лекување се многу поголеми. Ретко се случуваат случаи со смртни последици“, изјави Виолета Ефтимова.

Во моментов во Штип има само еден онколог, што, според Ефтимова, не е доволно. Таа се надева дека со отворањето на Мултидисциплинарниот центар за карцином на дојка при штипската болница, на многу жени ќе им се олесни патот од раното откривање до лекувањето. Годишно во државата се откриваат околу 1.000 нови случаи на оваа болест.