Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Прилози

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

Климатизерите со инвертер и годинава се најевтина опција за затоплување на домовите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Климатизерите со инвертер и годинава се најевтина опција за затоплување на домовите. За семејствата од Скопје, добра опција е и централниот систем за греење, но жителите на другите градови и селата не можат да ја користат оваа можност. Пресметките покажуваат дека за семејство што живее во стан или куќа од околу 60 квадратни метри, трошокот за загревање со климатизер од 5 киловати за една сезона изнесува до 24 илјади денари. Климатизерите се најисплатливи бидејќи за еден киловатчас потрошена електрична енергија се добиваат околу пет киловатчасови топлинска енергија. Парното греење, пак, чини околу 2.500 денари месечно, односно 30 илјади денари годишно. Главниот недостаток е што сметките се плаќаат и надвор од грејната сезона, дури и кога греењето не е вклучено или кога никој не живее во станот подолг период. Иако постојат опции за исклучување, ретко кој ги користи.

Огревното дрво и натаму е главен избор за семејствата во внатрешноста на земјата. Дури 38 проценти од домаќинствата во Македонија се греат на дрва. За загревање простор од околу 60 квадратни метри потребни се шест до седум кубни метри дрва за една сезона. Иако цените во „Национални шуми“ се нешто над 3.000 денари, во приватните складишта достигнуваат и до пет илјади денари за кубен метар. Според пресметките, во првиот случај трошокот за целата сезона изнесува 21 илјада денари, а во вториот 35 илјади денари. Сепак, во овие пресметки не се вклучени трошоците за сечење, утовар, истовар и транспорт. Дрвото, од една страна, е критикувано поради загадувањето што го предизвикува, но од друга, станува збор за обновлив извор на енергија. Аналитичарите препорачуваат користење нови и современи печки.

Експертите предупредуваат дека обичните греалки на струја, како панелните греалки, термо-печките и конвекторите, се неефикасни и можат да предизвикаат трошоци од над 50 илјади денари за цела грејна сезона. Вкупните трошоци за греење во голема мера зависат и од самиот објект – подобрата изолација значи и пониски сметки. Затоа, експертите им препорачуваат на граѓаните да инвестираат во изолација на домовите, современи фасади, врати и прозорци, со цел долгорочно да ги намалат трошоците за греење. Ваквите инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност се исплатуваат во период од неколку години.